All Posts By Славчо Ивановски

ФК „НАПРЕДОК 2025“ ГО ВРАЌА ФУДБАЛОТ ВО ПЕХЧЕВО

Благодарение на неколку фудбалски ентузијасти полека но сигурно се враќа фудбалот во Пехчево. Од оваа година почна со работа новоформираниот фудбалски клуб „Напредок 2025“ кој уште на стартот покажа дека е со сериозни намери да го врати фудбалот во Пехчево, кое години наназад беше еден респектабилен фудбалски колектив кој даваше посебен фудбалски шмек во Малешевијата….

ИЗМИНАТИТЕ ШЕСТ МЕСЕЦИ – НУЛА ДЕНАРИ ЗА РЕПРЕЗЕНТАЦИИ ВО ОПШТИНА КОЧАНИ

Во минатите шест месеци ставката за репрезентации од градоначалникот во сметката на Општина Кочани е со износ нула денари. Вршителот на должноста градоначалник Венко Крстевски не потрошил ни денар за службени ручеци или слични трошоци, а нема користено ни службен телефон. Општина Кочани е во стабилна финансиска состојба, со позитивно салдо. Почетниот износ на обврски,…

КАНДИДАТОТ ЗА НАЈВИСОК ПЛАСМАН ПРЕСИЛЕН ЗА КОЧАНЧАНКИ

Се одиграа натпреварите од одложеното 10-то коло во Прва Фудбалска Лига за жени. Екипата на „Кочани“ го пречека „Скопје 2014“ еден од кандидатите за највисок пласман и голем фаворит на овој натпревар. Скопјанки со головите на Дервиши и Панева и еден автогол во периодот од 37’-43’ го решија натпреварот во своја полза. Девојчињата од Кочани…

ОКТОМВРИСКА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА НА ЦРВЕН КРСТ – КОЧАНИ, СОБРАНИ 44 КРВНИ ЕДИНИЦИ

Црвен крст на Р.С. Македонија – Општинска организација Кочани ја реализираше редовната Октомвриска акција за дарување на крв. На акцијата крв даруваа 44 дарители од кои 11 до 30 годишна возраст и еден првократен дарител. Акцијата се реализираше со поддршка на екипа од Институтот за трансфузиона медицина Штип. „Акцијата е 16-та што ја спроведуваме во…

ВРЕМЕНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈОТ НА ДЕЛ ОД УЛИЦАТА „БЕЛ КАМЕН“

Поради градежни работи, од 31 октомври ќе биде воспоставен времен режим на дел од улицата „Бел камен“ во Кочани. Заради безбедно движење, се повикуваат сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат  поставената сигнализација. Општина  Кочани КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ

НУЦК „БЕЛИ МУГРИ“ – КОЧАНИ, ПОКАНА ЗА ИЗЛОЖБА

НУ ЦК „ Бели мугри“ Кочани, Ве поканува на Ликовната изложба на Ванчо Кеков во понеделник, 03.11.2025 година. Отворањето на изложбата е закажано  во 12.30 часот во Салон „ Фоаје 2 “ во Центарот за култура. Изложбата е дел од Годишната програма на  ЦК „ Бели мугри“ финансиран од Министерството за култура и туризам ,…

ПИСМО ОД ЧИТАТЕЛ: ЌЕ ИМА ЛИ ТРАНСФЕР БОМБИ КАЈ НОВИТЕ СОВЕТНИЦИ?

Во рок од дваесетина дена наш читател повторно ни испрати писмо кое овој пат ќе му биде објавено од причина што познати се веќе имињата на советниците за во Советот на Општина Кочани 2025-2029 година. Писмото го пренесуваме во целост. „Се надевам дека овој пат ќе го објавите моето писание од причина што нема што…

ПРОМЕНА НА РЕЖИМОТ НА СООБРАЌАЈ ВО ЦЕНТРАЛНОТО ГРАДСКО ПОДРАЧЈЕ НА КОЧАНИ

Наскоро ќе се промени режимот на сообраќај на двете главни улици во централното градско подрачје во Кочани, согласно изработена сообраќајна документација. Сообраќајот на потегот од кружниот тек кај Полициската станица во Кочани, со дел од ул. „Тодосија Паунов“ и ул. „Кеј на Револуцијата“ ќе се одвива еднонасочно, во правец југ-север до мостот кај Градскиот плоштад….

ДИРЕКТОРОТ НА БЈБ АЛЕКСАНДАР ЈАНЕВ ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА ОВР КОЧАНИ

Во рамките на денешната работна посета на Одделението за внатрешни работи Кочани, директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев, оствари средба со раководството на сите градови каде што ќе се одржи вториот круг од локалните избори. На состанокот беа разгледани безбедносните состојби на терен, предизвиците и активностите кои полицијата ги презема во пресрет на…

ВО НЕДЕЛА ВО МАНАСТИРОТ ВО М.В. ДОБРА ВОДА ЌЕ БИДАТ ОСВЕТЕНИ ТЕМЕЛИТЕ НА НОВА КУЈНА

На ден 02.11.2025 год. (недела), по повод осветување на манастирот Источен Петок-Балаклија, во м.в Добра Вода во с.Оризари, ќе се одржи голем народен собир кој ќе започне со Света Божествена Златоустова Литургија со почеток од 08:30 часот. По Светата  Литургија ќе се изврши Чин Освет на темели на нова кујна, а по осветувањето ќе се…