All Posts By Славчо Ивановски

ПРИВЕДЕНИ ДИВОКРАДЦИ ВО КОЧАНСКО

На 20.06.2023 полициски службеници од ОВР Кочани ги лишиле од слобода К.Х.(26), М.Т.(18), Н.Н.(24), Н.Н.(23), З.Н.(40) и еден малолетник, сите од Кочани. Кај место викано „Бочвенец“ во атар на с.Полаки, кочанско, тие биле затекнати при вршење кражба на дрва од туѓа шума и притоа биле пронајдени 48 исечени стебла на огревни дабови дрва. На местото…

ПРОДОЛЖЕН РОКОТ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ УЧЕСТВО ВО ПЕТРОВДЕНСКИОТ ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ 2023

Општина Кочани како организатор на Петровденскиот турнир во мал фудбал, го продолжува рокот за пријавување на фудбалските екипи до понеделник, 26 јуни 2023 година, кога ќе се одржи и ждребувањето за утврдување на распоредот на екипите учеснички на турнирот. Екипите се должни при пријавувањето да уплатат котизација од 2 000 денари на сметката на ОФС Кочани…

АПЕЛ: ДА СЕ ГРИЖИМЕ СИТЕ ЗА ХИГИЕНАТА ВО ДЕТСКИТЕ ИГРАЛИШТА

На детските игралишта во Кочани е регистрирана честа појава на негрижливо, несовесно однесување. Кон просторот наменет за забава на најмладите, посебно неодговорно однесување  е забележано од страна на возрасните, со остатоците од храна, грицки и пакувањата од пијалаци. Надлежните служби од Општина Кочани повикуваат сите да придонесеме за хигиената во детските игралишта. Загрижувачка е и…

ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД СИНОХИДРО

Синохидро корпорешн лимитед, ја известува јавноста дека поради изведување градежни активности за подготовка на коловозот за асфалтирање и асфалтирање на потегот од Соколарци до Спанчево и обратно, патот времено е затворен за сите видови возила. Доколку работите се одвиваат според планираното, се очекува тој да биде отворен за употреба околу 17 часот. Се повикуваат учесниците…

БЕТОНИРАЊЕ НА ЈАВНИ ПОВРШИНИ И ПОПЛОЧУВАЊЕ ТРОТОАРИ

Продолжуваат работите за уредување на јавните површини во општина Кочани. Избраните изведувачи работат на бетонирање на крак од улицата „Пролетерски бригади“ и поставување бехатон плочки на делови од тротоари на улиците „Први мај“, „11 Октомври“ и „Мородвиска епископија“. Деновиве заврши и преуредувањето на тротоарот од левата страна на „Кеј на Револуцијата“, на потегот од ТТК…

СПЕКТАКУЛАРЕН КОНЦЕРТ НА НУ АНСАМБЛ ЗА НАРОДНИ ИГРИ И ПЕСНИ „ТАНЕЦ“ ОД СКОПЈЕ

Под мотото „Изворни минијатури“ НУ Ансамбл за народни игри и песни „Танец“ од Скопје во Вторник (27 Јуни) во салата на НУЦК „Бели Мугри“ во Кочани со почеток во 20:00 часот ќе одржи спектакуларен концерт. На концеретот ќе бидат изведен народните ората: „Манукот“, „Глувонемо“, „Копачка“, „Ситното“, „Машкото“, „На три пата“, „Патрунино“, „Малешевка“, „Кукурику петле“, „Тоска“,…

ДАНИЕЛ ИЛИЕВ УСПЕШЕН НА МАРАТОНОТ ВО ТРОМСО (НОРВЕШКА)

Нашиот сограѓанин Даниел Илиев успешно се претстави на Меѓународниот маратон наречен „Полноноќно сонце“ кој се трчаше во градот Тромсо (Норвешка) изминатата сабота. На патеката долга 42 километри во конкуренција на 6.000 маратонци од целиот свет со време повеќе од 6 часа Илиев успеа да стигне на целта и да го оправда она што го вети…

РАСПИШАНА ЈАВНАТА НАБАВКА ЗА КОНЗЕРВАЦИЈА И РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ПАРТНЕРНОТО УРЕДУВАЊЕ НА „СПОМЕНИКОТ НА СЛОБОДАТА“

Општина Кочани ја објави јавната набавка за конзервација, реставрација и санација на архитектурата и партерното уредување на Споменикот на слободата, како дел од проектот што се реализира со поддршка од Амбасадата на САД во РС Македонија преку грант од амбасадорскиот фонд за заштита на културно наследство. Со распишаната тендерската постапка се бара најповолен економски оператор…

ПОВРЕДЕНО ЛИЦЕ ВО АВТОМЕХАНИЧАРСКА РАБОТИЛНИЦА

На 19.06.2023 во 15.35 часот во ОВР Кочани било пријавено дека околу 15.30 часот во автомеханичарска работилница во населбата Оризари, кочанско, со повреди се здобил В.С.(79) од Виница. Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Кочани, при што било констатирано дека околу 15.30 часот во автомеханичарската работилница, Б.Д.(62) од Кочани стартувал товарно моторно возило,…

ОТСТРАНЕТ ДЕФЕКТОТ НА ГЛАВНИОТ ЦЕВКОВОД ЗА ВИСОКА ЗОНА

Ги информираме граѓаните дека е отстранет дефектот на цевководот за водоснабдување од висока зона на територија на Општина Кочани, поради што без вода за пиење беа корисниците кои ги користат нашите услуги во високата зона. Дефектот е отстранет околу 12 часот денеска, а по неколку часа се очекува целосно нормализирање на водоснабдувањето на улиците кои…