Од „Баскет Дино“ – Кочани најавуваат богата кошаркарска година. Како што не информираат годинава планираат за прв пат да учествуваат во натпреварите во сите лиги.
Ќе се натпреваруваат во категориите: М-12 за жени; М-14 – мажи; М-16 – мажи; М-18 – мажи и Трета Кошаркарска Лига.
Љубителите на кошарката ќе имаат ретка можност да гледаат речиси секој викенд по неколку натпревари на играта под обрачите.
Минатата година одредени категории на „Баскет Дино“ котираа доста високо и во регуларниот дел од првенството и во доигрувањето, но сепак недостасуваше последниот чекор за да се закитат со една од титулите.
Е оваа година е шанса да се искачат на некоја од кошаркарските височини.
С. Ивановски