По повод 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба, свежо цвеќе положија делегации од Општина Кочани, Советот на Општината, Сојузот на борците од НОВ, како и партиски делегации.
По повод државниот празник, градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов упати честитка до граѓаните, во која стои:
„Овој ден е историски ден, ден достоен за почит кон великаните на македонската револуционерна борба, кон сите борци за слободна и самостојна независна држава. На овој ден се потсетуваме на пожртвуваноста на нашите претци за слобода и независност. Нивната пожртвуваност тогаш е нашата слобода денес. Да се почитуваме меѓусебе и да се стремиме кон уште подобра иднина за новите генерации. Нека е вековит 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба“ се вели во честитката од градоначалникот Љупчо Папазов.