ДА, ДЕНЕС Е 1-ВИ МАЈ, МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ТРУДОТ

мај 1, 2022
1 min read

Да ги потсетиме оние кои знаат а се прават дека не знаат.

Денес е 1-ви Мај „Меѓународниот ден на трудот“.

Ако некогаш се славеше овој ден со „Мајска парада“ денес се слави само за да не се работи, да се има уште еден неработен ден, ден за уживање.

Ако некогаш синдикатите организираа со свои програми се трудеа манифестацијата да изгледа убаво за сите граѓани, денес синдикатите организираат само организираат протести за поголеми плати и тоа на кого, на оние од нестопанството.

Некогаш на овој ден, улиците во Кочани беа преполни со народ, ги гледаа работните организации со што ќе им се претставуват, учениците како ја замислуваа иднината, спортистите како го одржуваа здравјето, а денес? Улиците празни секој со план како да ги спои неработните денови и да замине некаде на страна без да сака на своите сограѓани да им прикаже нешто од сработеното, доколку навистина има сработено.

Денес 1-ви Мај „Меѓународниот ден на трудот“, чисто онака само за потсетување.

Старите и веќе пожолтени фотографии кажуваат се.

С. Ивановски