ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА ЌЕ БИДАТ ПОСТАВЕНИ СЕДИШТАТА ВО САЛАТА НА ДК „БЕЛИ МУГРИ“ ВО КОЧАНИ

декември 14, 2022
0 минути

Во тек е поставувањето на седиштата во салата на ДК „Бели Мугри“ – Кочани со што би требало да се комплетира најголемиот дел од проектот кој започна во 2020 година со поставување на фасадата.

Како што на новинарот од ТВ Канал 8 му изјавила директорката на ДК „Бели Мугри“ со поставувањето на седиштата капацитетот во салата ќе изнесува 356 места. За следната година би останале само некои помали т.н. ситници како што се поставување вентилација и инсталација за да целосно биде реализиран проектот.

Наместо јагленот кој досега се користеше за затоплување на објектот во иднина тој би се затоплувал со топлотни пумпи кои ќе бидат вградени во објектот. За крај ќе биде оставено поставувањето на осветлението како во салата така и на самата сцена за да може истата да се користи.

Во салата ќе биде обезбеден посебен простор за лицата со попреченост  а ќе бидат поставени и резервни седишта кои би се користеле во вонредни околности.

Дел од фотографиите се позајмени од страната на ТВ канал 8

С. Ивановски