Жители на улицата „Борис Трајковски“ во Кочани испратија допис и фотографии со цел да го свртат вниманието на надлежните во општината. Писмото Ви го пренесуваме во целост а во него се вели:
„Сакаме да изразиме револт околу реновирањето на улицата Борис Трајковски. Ајде што реновирањето трае предолго, туку и го нарушија пристапот до зградата Борис Трајковски бр.4.
Како прво, го подигнаа тротоарот и не можем со возило да се пристапи до единствениот паркинг за таа зграда. Ова предизвикува и друг проблем, со самото подигнување на тротоарот нема каде да истекува дождовницата (тротоарот прави брана од 7cm). Проблемот е уште поголем бидејки во овој простор се наоѓаат олуците од зградата и соседните објекти, а во тој простор нема атмосферска канализација.
Второ, нарушен е пристапот до влезот, со поставување на градежни материјали, шут/камења, отпад од кроење на дрва, Во прилог ви доставуваме и слики“.
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ