По повод празникот на љубовта „Свети Валентин“ во Недела и Понеделник (13 и 14 Февруари) ќе биде организирана хуманитарна акција под мотото „Подарете љубов, подадете рака“.
За таа цел во периодот од 12:00 до 17:00 часот во Градскиот Трговски Центар во Кочани ќе биде поставен продажен штанд на кој ќе бидат изложени предмети кои ја симболизираат љубовта.
Собраните средства од продажбата ќе имаат хуманитарен карактер и истите ќе бидат наменети за нашата сограѓанка Славица Димитрова.
Приклучете се на хуманитарната акција „ Подарете љубов, подадете рака“, Ве очекуваме.
С. Ивановски