Утре (Сабота) терминот од 14:00 часот е резервиран за натпреварите од 8-то коло во Втора Фудбалска Лига – Исток.
По двете едноподруго победи играчите на „Осогово“ полни со оптимизам најавуваат и трета победа во низа. Во Кочани гостува традиционално незгодниот „Кит Го“, но младите играчи од „жолто-синиот“ не ги интересира ниту традицијата, ниту играта на противникот, тие како што најавуваат ќе ја играат својата игра на што го темелат и оптимизмот.
Во Виница гостува екипата на „Кожуф“ која годинава е далеку од она што го прикажуваше во претходните првенства. Лидерот на табелата „Каменица Саса“ му оди на гости на фенерџијата, додека во Градско доаѓа „Беласица“. „Победа“ е домаќин на „Детонит,
Двојки за 8-то коло:
„Осогово“ – „Кит Го“
„Слога 1934“ – „Кожуф“
„Братство“ – „Каменица Саса“
„Локомотива“ – „Беласица“
„Победа“ – „Детонит“
С. Ивановски