ИЛИНДЕНСКИ СПОРТСКИ ИГРИ „ЧЕШИНОВО 2022“, ПРИЗНАНИЈА ЗА ОРГАНИЗАТОРИТЕ И ОВАЦИИ ЗА ДОАЈЕНОТ НА ТУРНИРОТ ЈОЖЕ ЈЕФТИМОВ

Во Спорт
август 2, 2022
1 минути

Годинешното 50 издание на Илинденски Спортски Игри –„Чешиново 2022“ веќе е зад нас. По завршувањето на финалниот натпревар Градоначалникот на Општина Чешиново-Облешево Далибор Ангелов им ги врачи признанијата и пехарите на најуспешните, но и на сите оние кои учествуваа во годинешната организација на турнирот.

Организаторот на турнирот на внучињата на доајенот на овој фудбалски турнир Јоже Јефтимов кој за жал не напушти минатата година им врачи дрес со името на нашиот Јоже, потег кој предизвика не само овации кај сите присутни туку играчите учесници на финалето и публиката со неколкуминутно скандирање на неговото име му оддадоа посебна благодарност и почит за сето она што со години го правеше турнирот да биде на едно високо рамниште.

Благодарници добија и Полициска станица – Кочани, Судискиот актив при ОФС – Кочани, како и главните организатори на годинешниот турнир Влатко Коцев и Мите Бојаџиев.

С. Ивановски