Изминатата седмица по иницијатива на највозрасниот делегат од Собранието на ОФС Кочани Владо Андов бил свикан постариот легитимен УО на ОФС Кочани на кој како главна точка од дневниот ред била закажување на Изборно Собрание на ОФС Кочани.
На состанокот покрај Владо Андов присуствувале: Бранко Богатинов, Оливер Јовановски, Сашко Ангелов, Крсте Крстев, Новак Андонов, Марјан Јангеловски, Сашо Иванов, Ванчо Митев а писмена согласност дал и Кире Тодоровски кој оправдано отсуствувал од состанокот.
Дознаваме дека на состанокот имало предлог да нема делегати од општинските фудбалски клубови бидејќи наводно две години не се одржувала Општинска Фудбалска Лига – Кочани. Предлогот не поминал бидејќи на предлагачот му било укажано дека токму од присутните делегати еден ја извршувал функција на делегат на натпреварите во спомнатата лига се до почетокот на пандемијата и прекинот на фудбалските натпревари.
Испратен е допис ФФМ која ќе мора во утврдениот законски рок да даде согласност за да се одржи собранието.
Во јавноста веќе се шпекулира дека мандатот за иден претседател на ОФС Кочани ќе му биде доверен на актуелниот Шеф на стручниот штаб на ГФК „Осогово“ Алесандар Андов, а за да нема судир на интереси тој местото на кое сега е во ГФК „Осогово“ ќе отстапи на некој друг кој ја поседува соодветната лиценца за водење на фудбалски натпревари од овој ранг на натпреварување.
С. Ивановски