Црна хроника

ЌЕ СТАНЕ ЛИ ГРАДСКАТА ДЕПОНИЈА ВО КОЧАНИ РЕГИОНАЛНА?
Жителите на Кочани веќе три дена мака мачат со чадот што се шири од запалената Градска депонија. Од КЈП „Водовод“ како што не информираат прават напори депонијата да ја стават во мирување, но и покрај тоа што механизацијата континуирано ја покрива со земја таа уште не е потполно згасната. Но по се изгледа дека депонијата…

КЈП „ВОДОВОД“ ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА НАСТАНАТ ПОЖАР НА ГРАДСКАТА ДЕПОНИЈА:
Ја известуваме јавноста дека околу 19 часот вчера (недела) е настанат пожар на градската депонија, односно запалена е целата горна површина од депонијата. Просторот кој беше зафатен од пожарот е исполнет со секаков вид на комунален отпад. Во текот на ноќта пожарот од површината на депонијата поради засилениот ветер се прошири и во подножјето на…

ПОРАДИ АГРЕСИВНО ОДНЕСУВАЊЕ КОН ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИЦИ ДВАЈЦА КОЧАНЧАНИ ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА
На 04.04.2024 во Кочани, полициски службеници од Полициската станица Кочани ги лишиле од слобода 61 – годишната В.Б. и Б.Б.(65), двајцата од Кочани, затоа што околу 17.10 часот агресивно се однесувале и ги спречувале полициските службеници при извршување на службените дејствија. По целосно комплетирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. Соопштение од…

ЦРНА ХРОНИКА: НАПАДНАТ МОЛЕЛЕТНИК И ПРОНАЈДЕНА МУНИЦИЈА
На 02.04.2024 во ОВР-Кочани, В.Т.(54) од Кочани пријавила дека на 01.04.2024 околу 12.00 часот на ул.„Партизанска во Кочани И.Н. и Р.Н. физички го нападнале нејзиниот малолетен син. По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава. На 02.04.2024 во 18.00 часот полициски службеници од ОВР Кочани на ул.,,Стамен Манов“ во Кочани, во…

СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА НА ЕКСПРЕСНИОТ ПАТ А-3
На 01.04.2024 во 11.27 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на експресниот пат А-3, кај с.Тркање, кочанско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фиат“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Т.Д.(57) од Штип и товарно возило „ман“ со полуприколка со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ј.М.(43) од Куманово. Во несреќата со тешки…

ПРИВЕДЕН КРАДЕЦ ВО КОЧАНИ, РАСЧИСТЕНИ СЕДУМ КРИВИЧНИ ДЕЛА
По преземени оперативни мерки и активности, полициски службеници од ОВР Кочани при СВР Штип расчистија седум кривични дела, од кои пет кривични дела „тешка кражба“ и две „тешка кражба“ на дрзок начин извршени на територијата на Кочани од угостителски и продажни објекти и една од физичко лице. Поради постоење основи на сомнение дека е сторител…

СЕ ЗГОЛЕМУВА БРОЈОТ НА ИЗМАМЕНИ КОЧАНЧАНИ
На 25.03.2024 во 17.30 часот во ОВР Кочани, 18 – годишник од Кочани пријавил дека на 24.03.2024 во Кочани бил измамен од едно лице за сума од 950 евра. Според пријавеното, тие се договориле лицето од него да купи мобилен телефон, а откако ги зел парите и лицето си заминало се посомневал во исправноста на…

ИЗМАМЕН КОЧАНЧАНЕЦ – ПОДИГНАЛ КРЕДИТ, ОСТАНАЛ И БЕЗ ПАРИ И БЕЗ БИЗНИС
На 22.03.2024 во 13.50 часот во Полициската станица Кочани, 51 – годишник од Кочани пријавил дека бил измамен од две лица од Кочани. Според пријавеното, тие се договориле да започнат заеднички бизнис, по што тој подигнал два брзи кредити и им ги дал парите и после тоа го прекинале контактот со него. Се преземаат мерки…

НА КОЧАНЧАНЕЦ МУ ГИ ЗЕЛЕ ПАРИТЕ А ОСТАНАЛ БЕЗ ДРВА
На 20.03.2024 во 13.13 во СВР Штип, 90 – годишник од Кочани пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 14.000 денари. Според пријавеното, околу 12.40 часот во неговиот дворот влегло машко лице и му понудило огревно дрво по цена од 4.000 денари за метар кубен. Како што е пријавено, откако се договориле…

ГРАЃАНИТЕ ПРАШУВААТ: ИМАШЕ ЛИ ПОТРЕБА ТОЛКУ ДРВЦА ДА СЕ ИСЕЧАТ?
Паралелно со започнувањето на градежните активности на улицата „Борис Трајковски“ започна и масовно сечење на засадените дрвца. Голем број од дрвцата што со години правеа сенка на минувачите на кејот на реката веќе се исечени, а некои почнаа да се сечат и на тротоарот покрај семејните домови. На некои од оние на тротоарот само…