Црна хроника

СИ ЈА ЗАГАДУВАМЕ ЖИВОТНАТА СРЕДИНА НА СЕКОЈ МОЖЕН НАЧИН
Она што големите „домакини/ки“ го фрлаат каде ќе стигнат, дежурните екипи на КЈП „Водовод“ го чистат. Во текот на вчерашниот ден бевме сведоци на ново недомаќинско однесување на некој наш сограѓанин, или можеби наш комшија. Иако на западната страна од плочникот си има уредно поставена корпа за отпадоци се нашол некој паметен па како за…

КОЧАНЧАНЕЦ АГРЕСИВНО СЕ ОДНЕСУВАЛ КОН ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИК
На 27.01.2022, полициски службеници од Полициската станица Кочани го привеле И.М.(41) од Кочани бидејќи околу 21.30 часот во угостителски објект на ул.,,Димитар Влахов“ во Кочани агресивно се однесувал кон полициски службеници и се обидел физички да нападне полициски службеник кој вршел службени дејствија.. По целосно документирање на случајот против И.М. ќе биде поднесена соодветна пријава….

НОВА ИЗМАМА, И ЗЕЛЕ ЗЛАТЕН НАКИТ И ПОБЕГНАЛЕ
На 27.01.2022 во 17.30 часот во Полициската станица Кочани, 22-годишна жителка на кочанско село пријавила дека на 25.01.2022 околу 10.30 часот во семејната куќа, била измамена од едно женско лице. Според пријавеното, лицето ја довело во заблуда дека може да ѝ помогне доколку ѝ даде златен накит. Како што е пријавено, таа ѝ дала златен…

ОТКАКО ГО ДАЛА ЗЛАТНИОТ НАКИТ СФАТИЛА ДЕКА БИЛА ИЗМАМЕНА
На 26.01.2022 во 21.30 часот во Полициската станица Кочани, (35-годишна жителка на кочанско село пријавила дека на 24.01.2022 околу 17.часот, кај Градскиот базен во Штип, била измамена од едно женско лице. Според пријавеното, таа била доведена во заблуда дека лицето може да ја излекува доколку ѝ даде златен накит. Пријавителката ѝ дала златен накит, но…

ПОЖАР ВО СТАН НА УЛИЦА „РОЗА ПЕТРОВА“
На 24.01.2022 во 06.45 часот во ОВР Кочани било пријавено дека околу 05.45 часот настанал пожар во стан на ул.„Роза Петрова“ во Кочани, сопственост на С.А.(65). Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Кочани. Во пожарот повредени лица нема, а увид извршила увидна екипа на ОВР Кочани. ИЗВОР: Дневни билтени на СВР Штип

ЛЕКАРКА ПРИЈАВИЛА ЛИЦЕ КОЕ АГРЕСИВНО СЕ ОДНЕСУВАЛО КОН НЕА
На 24.01.2022 во 16.30 часот во полициската станица Кочани, лекарка пријавила дека околу 16.20 часот во просториите на Итната медицинска помош во Кочани, З.Р. од Кочани агресивно се однесувал кон неа. По комплетирање на случајот против З.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава. ИЗВОР: Дневни билтени на СВР Штип

ФАТЕН ДРВОКРАДЕЦ, ВОЗИЛОТО И ДРВАТА ЗАДРЖАНИ ОД ШУМСКАТА ПОЛИЦИЈА
На 20.01.2022 полициски службеници од ОВР Кочани во содејство со Шумска полиција Кочани, при контрола на патничко возило „исузу“, со винички регистарски ознаки, управувано од Е.А.(30) од Виница, пронашле огревни дрва без соодветна документација. Од страна на Шумска полиција дрвата и возилото биле одземени за понатамошна постапка. ИЗВОР: Дневни билтени на СВР Штип

ГОЛОСЕК – НА РЕД ДОЈДОА ДРВАЦАТА ВО КРУГОТ НА „ФИЛТЕР СТАНИЦАТА“
Има ли крај на ова лудило што ни се постојано случува во општината. Ќе се најде ли некој соодветен орган во кого вработените си земаат добри плати а за ништо „мува не ги лази“. По запалувањето на Градската депонија (така изјави в.д. директорот на КЈП Водовод), по постојаното палење на стрништата, по бесправниот голосек на…

ФАТЕНИ ПЕТ МИГРАНТИ ОД СИРИЈА
На 19.01.2022 во 23.30 часот полициски службеници од Полициската станица Кочани на магистралниот пат Делчево-Штип, кај бензиската пумпа во близина на с.Чешиново, затекнале пет мигранти од Сирија, кои биле предадени во Прифатно-транзитниот центар ,,Винојуг“ Гевгелија за понатамошна постапка. С. Ивановски

АПЕЛ ОД ТЕРИТОРИЈАЛНАТА ПРОТИВПОЖАРНА ЕДИНИЦА-КОЧАНИ ДО СИТЕ ЗЕМЈОДЕЛЦИ
Ако не гори депонијата и не го загадува воздухот во Кочани и околината, тука се неодговорните земјоделци тој „недостаток“ да го надоместат. И денес Кочанските полиња гореа, и денес неодговорните земјоделци на кои инаетот им е пред сé ги запалија стрништата и побегнаа од местото на настанот. И додека гореа полињата, во Кочани се запали…