Црна хроника

ГЕРИЛА АКЦИЈА НА „ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ПРОСВЕТИТЕЛИ“
Ако досега дел од „ноќните птици“ вршеа герила акција со расфрлање на смет каде ќе им текне, со уништување на заеднички добра, еве денес на еден од најголемите Македонски празници, на денот на „Денот на просветителите“ акцијата е изведена малку поцивилизирано. Имено на столбовите на излезот од градот се веат двете знамиња и официјалното и…

ГЕРИЛА АКЦИЈА – „КОНТЕЈНЕРИ“
Нова локација, нова герила акција, стари навики. Повторно ноќни лудории, повторно расфрлање смет на сите страни, па дури и наопаку свртени контејнерите кои се токму да го собираат сметот. Очигледно некој сака Кочани да биде нечист град и да си поигрува со чувствата на оние кои Кочани си го познаваат како еден од најчистите градови…

ДЕРБИТО НЕ ДАДЕ ПОБЕДНИК, ДАЛИ НАТПРЕВАРОТ Е ТАКА ДОГОВОРЕН?
Интересен статус сподели еден мој голем пријател инаку еден од повеќемината борци за чиста животна средина не само во Кочани, туку и пошироко. Клипот кој го сподели имаше коментар: „Градско дерби, кое повеќе граѓани на Кочани ќе отрови!!! Пајпер Мил против Градска депоника“. Како овој дерби натпревар беше финале и не даде победник според пропозициите…

ИМА ЛИ ОПАСНОСТ ОД НЕЗАШТИТЕНИТЕ ПРЕСЕЧЕНИ КАБЛИ?
Интересни фотографии се направени денес на левиот кеј на „Кочанска река“ од мостот кај „Шопинг центарот“ па се до мостот кај „Паркот на Револуцијата“. Старите канделабри кои беа поставени на овој потег се извадени, каблите кои пренесуваа електрична енергија се пресечени но не се изолирани. Граѓаните со право прашуваат, дали има проток на електрична енергија…

ДО КОГА НА ИДИОТИТЕ ЌЕ ИМ БИДЕ ДОЗВОЛЕНО ДА СЕ ЗАБАВУВААТ?
Фотографиите се од дворот на ООУ „Никола Карев“ во Кочани направени денес. Еве од самите фотографии јасно се гледа што може да направи домашното воспитување, алкохолот или дрогата со човекот (доколку пред тоа го имал тој епитет) бидејќи некој со здрав ум не прави вакви глупости. Кој и да повикаме од надлежните во јавноста веќе…

ДВАЈЦА КОЧАНЧАНИ ПРИЈАВИЛЕ НАПАД ВО ШУТО ОРИЗАРИ
На 15.05.2022 во Полициската станица Шуто Оризари, И.Ш.(22) од Кочани пријавил дека на подрачјето на Шуто Оризари заедно со неговиот брат биле физички нападнати од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. ИЗВОР: Дневни билтени на МВР

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПРОТИВ 43-ГОДИШНА ЖЕНА ОД КОЧАНИ ЗА ЛИХВАРСТВО
Одделението за внатрешни работи Кочани до Основно јавно обвинителство Кочани поднесе кривична пријава против С.И.(43) од Кочани, поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело „лихварство“ предвидено во член 260 став 1 од Кривичниот законик. Пријавената, во месец октомври 2018 година на женско лице од Кочани ѝ дала на заем 50 евра, а за…

ДАЛИ НОЌТА МИСТЕРИОЗНО ИЗЧЕЗНАЛЕ ЧЕТИРИ ПАЛЕТИ БЕКАТОН ПЛОЧИ?
Како што ни јавуваат жители од улицата „Раде Кратовче“ од Кочани, ноќта во вторникот спрема средата на улицата во непосредна близина на училиштето „Раде Кратовче“ мистериозно исчезнале ни помалку ни повеќе туку четири палети бекатон плочи. Ако се знае дека во една палета има 200 плочи тогаш малку е чудно како можеле да бидат извадени…

ТОЧЕЛЕ АЛКОХОЛ НА МАЛОЛЕТНИ ЛИЦА И ЗАРАБОТИЛЕ КРИВИЧНА ПРИЈАВА
Одделението за внатрешни работи Кочани, до Основно јавно обвинителство Кочани, поднесе кривична пријава против правно лице – угостителски објект од Кочани, Б.Д.(49) од Кочани – одговорно лице во правното лице и А.М.(24) од Кочани – вработен во правното лице поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „точење алкохолни пијалоци на малолетници“ по член…

ТРИ ЛИЦА ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА, НА МАЛОЛЕТНО ЛИЦЕ МУ ОВОЗНОЖИЛЕ УПОТРЕБА НА МАРИХУАНА
На 10.05.2022, полициски службеници од Полициската станица Кочани ги лишиле од слобода Љ.Л.(38), С.С.(20) и С.Т.(22), тројцата од с.Зрновци, општина Зрновци, бидејќи околу 18.00 часот во патничко возило во близина на с.Видовиште, општина Зрновци и овозможиле на 17-годишна малолетничка употреба на марихуана. Полициски службеници ја пронашле и одзеле марихуаната, а по комплетирање на случајот против…