Црна хроника

ОТКАКО ГО ДАЛА ЗЛАТНИОТ НАКИТ СФАТИЛА ДЕКА БИЛА ИЗМАМЕНА
На 26.01.2022 во 21.30 часот во Полициската станица Кочани, (35-годишна жителка на кочанско село пријавила дека на 24.01.2022 околу 17.часот, кај Градскиот базен во Штип, била измамена од едно женско лице. Според пријавеното, таа била доведена во заблуда дека лицето може да ја излекува доколку ѝ даде златен накит. Пријавителката ѝ дала златен накит, но…

ПОЖАР ВО СТАН НА УЛИЦА „РОЗА ПЕТРОВА“
На 24.01.2022 во 06.45 часот во ОВР Кочани било пријавено дека околу 05.45 часот настанал пожар во стан на ул.„Роза Петрова“ во Кочани, сопственост на С.А.(65). Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Кочани. Во пожарот повредени лица нема, а увид извршила увидна екипа на ОВР Кочани. ИЗВОР: Дневни билтени на СВР Штип

ЛЕКАРКА ПРИЈАВИЛА ЛИЦЕ КОЕ АГРЕСИВНО СЕ ОДНЕСУВАЛО КОН НЕА
На 24.01.2022 во 16.30 часот во полициската станица Кочани, лекарка пријавила дека околу 16.20 часот во просториите на Итната медицинска помош во Кочани, З.Р. од Кочани агресивно се однесувал кон неа. По комплетирање на случајот против З.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава. ИЗВОР: Дневни билтени на СВР Штип

ФАТЕН ДРВОКРАДЕЦ, ВОЗИЛОТО И ДРВАТА ЗАДРЖАНИ ОД ШУМСКАТА ПОЛИЦИЈА
На 20.01.2022 полициски службеници од ОВР Кочани во содејство со Шумска полиција Кочани, при контрола на патничко возило „исузу“, со винички регистарски ознаки, управувано од Е.А.(30) од Виница, пронашле огревни дрва без соодветна документација. Од страна на Шумска полиција дрвата и возилото биле одземени за понатамошна постапка. ИЗВОР: Дневни билтени на СВР Штип

ГОЛОСЕК – НА РЕД ДОЈДОА ДРВАЦАТА ВО КРУГОТ НА „ФИЛТЕР СТАНИЦАТА“
Има ли крај на ова лудило што ни се постојано случува во општината. Ќе се најде ли некој соодветен орган во кого вработените си земаат добри плати а за ништо „мува не ги лази“. По запалувањето на Градската депонија (така изјави в.д. директорот на КЈП Водовод), по постојаното палење на стрништата, по бесправниот голосек на…

ФАТЕНИ ПЕТ МИГРАНТИ ОД СИРИЈА
На 19.01.2022 во 23.30 часот полициски службеници од Полициската станица Кочани на магистралниот пат Делчево-Штип, кај бензиската пумпа во близина на с.Чешиново, затекнале пет мигранти од Сирија, кои биле предадени во Прифатно-транзитниот центар ,,Винојуг“ Гевгелија за понатамошна постапка. С. Ивановски

АПЕЛ ОД ТЕРИТОРИЈАЛНАТА ПРОТИВПОЖАРНА ЕДИНИЦА-КОЧАНИ ДО СИТЕ ЗЕМЈОДЕЛЦИ
Ако не гори депонијата и не го загадува воздухот во Кочани и околината, тука се неодговорните земјоделци тој „недостаток“ да го надоместат. И денес Кочанските полиња гореа, и денес неодговорните земјоделци на кои инаетот им е пред сé ги запалија стрништата и побегнаа од местото на настанот. И додека гореа полињата, во Кочани се запали…

ИСЧЕЗНАТАТА ЖЕНА ПО КОЈА ШТО СЕ ТРАГАШЕ ПРОНАЈДЕНА МРТВА
На 17.01.2022 во 14.55 часот во полициската станица Виница било пријавено дека на место викано „Горица“, во непосредна близина на магистралниот пат Кочани-Делчево, во канал за наводнување, било пронајдено безживотното тело на Ј.Л.(56) од нас.Оризари, кочанско, за која на 11.01.2022 било пријавено дека се оддалечила од домот. Смрт без траги на насилство констатирал лекар од…

ГО ПРИЈАВИЛА СОПРУГОТ ЗА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО
На 17.01.2022 во 17.00 часот во Полициската станица Кочани, 27-годишна жена пријавила дека на 12.01.2022 околу 20.00 часот во семејниот дом била физички нападната од страна на нејзиниот сопруг Б.Л.. По документирање на случајот против Б.Л. ќе биде поднесена соодветна пријава. ИЗВОР: Дневни билтени на СВР Штип

СЕ ЗАПАЛИ ПАРКИРАНО ВОЗИЛО ПРЕД „УНИ БАНКА“ ВО КОЧАНИ
Денес околу 11:30 часот на паркинг просторот пред „Уни Банка“ во Кочани избувна пожар. Опожарено е патничко моторно возило „Паежо 307“ со кочански регистарски таблички. Територијалната противпожарна единица од Кочани интервенирала со едно возило и тројца пожарникари, пожарот е изгаснат. Засега нема подетални информации колкава е штетата и која е причината за пожарот. С. Ивановски