екологија
КЈП „ВОДОВОД“ ГО ЧИСТЕШЕ КОРИТОТО НА РЕКАТА ОД „ЖЕЛЕЗНИЧКИ МОСТ“ НАДОЛУ
Жителите од улицата „Лазар Андонов“ искажаа голема благодарност кон КЈП „Водовод“ за експресната реакција и за чистењето на високата трева во коритото на реката од „железнички мост“ па надолу. По нашата објава дека бараат помош од надлежните да го исчистат коритото на реката за да ги спасат од наездадата на змиите по овие горештини, веќе…
НА 3 ЈУНИ ВО КОЧАНИ – ПРВО АВИОТРЕТИРАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ
В петок, на 3 јуни, од 5 до 8 часот наутро, екипа на Друштвото за авиоуслуги „Бониер“ ќе ја спроведе првата фаза од авиотретирањето против комарци. Со превентивната дезинсекција ќе бидат опфатени површините во градското подрачје на Кочани и низинските села што припаѓаат на територијата на Општина Кочани. За третманите против комарците ќе се користат…
ПРЕДУПРЕДУВАЧКИ ПРОТЕСТ НА ЖИТЕЛИТЕ ОД СЕЛО БЕЛИ ПРЕД КЈП „ВОДОВОД“
Дел од жителите на селото Бели денес се собраа пред управната зграда на КЈП „Водовод“ за да уште еднаш го искажат своето незадоволство за континуираното чадење на депонијата. Дарко Арсов, жител на селото Бели изтакна: „Ова е предупредувачки собир затоа што имаме сериозен проблем, а никој не презема ништо за негово решавање. Депонијата чади повеќе…
„КОЧАНИ Е КАКО ЧЕРНОБИЛ“ – ГЕРИЛА АКЦИЈА НА КОЧАНСКИТЕ ЕКОЛОГИСТИ
Кочански екологисти, членови на Иницијативата за чист воздух во Кочани денес спроведоа герила акција пред Локалната самоуправа на Кочани, за да го искажат незадоволството на граѓаните на Кочани поради повторното чадење на Градската депонија над Кочани. Пред зградата на Локалната самоуправа тие поставија инсталација од црни стебла од сончоглед и рентгенски снимки од оштетени органи…
ПЕШАЧЕЊЕТО Е ЗДРАВЈЕ – ОПШТИНА КОЧАНИ И ИЗВИДНИЧКИОТ ОДРЕД „ЛАСТОВИЦА“ РЕАЛИЗИРАА ПРОШЕТКА ДО ГОЦЕВА ШУМА
Во организација на Општина Кочани и Извидничкиот одред „Ластовица“, под мотото Пешачењето е здравје, утрово беше реализирана рекреативна прошетка до излетничкото место Гоцева Шума, на патот кон езерото Гратче. Во прошетката се вклучија претставници на Здружението за борба против рак на дојка и сите други видови рак „Борка – за секој нов ден“, членови на …
ГРАЃАНСКАТА ИНИЦИЈАТИВА „ЗА ЧИСТ ВОЗДХ ВО КОЧАНИ“ НА ПРОТЕСТ ПРЕД ДРЖАВНИОТ ИНСПЕКТОРАТ ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНА СРЕДИНА
Под мотото „Кочанска скара на сончогледови пелети“ членови на Граѓанската иницијатива „За чист воздух во Кочани“ се собраа денес пред Државниот инспекторат за заштита на животна средина за да го искажат незадоволството на кочанчани поради континуираното загадување на воздухот од страна на „Пајпер мил“. Компанијата „Пајпер мил“ кои кочанчани оправдано ја прекрстија во „Пајпер кил“…
ПЕШАЧЕЊЕТО Е ЗДРАВЈЕ – ОПШТИНА КОЧАНИ И ИО „ЛАСТОВИЦА“ ОРГАНИЗИРААТ ПРОШЕТКА ДО „ГОЦЕВА ШУМА“
В сабота, на 14 мај, Општина Кочани во соработка со Извидничкиот одред „Ластовица“ од Кочани организира настан за промоција на здрав живот, под мотото Пешачењето е здравје. Рекреативната прошетка ќе се реализира на релацијата од Градскиот плоштад до Гоцева Шума, при што ќе се користи земјената пешачка патека од десната страна на коритото на Кочанска…
УРЕДУВАЊЕ НА КРУЖНИТЕ ПОВРШИНИ СО САДНИЦИ
Деновиве КЈП „Водовод“ изврши уредување и разубавување на садните површини на кружните текови во градот. Засадени се декоративни садници и растенија, обновени се зелените површини, со цветни леи од сезонско цвеќе. Се замолуваат граѓаните за совесно и грижливо однесување кон сите зелени површини во околината. Општина Кочани
УЛИЦАТА „ГОШО ВИКЕНТИЕВ“ СПРЕМНА ЗА АСФАЛТИРАЊЕ, НО…..
На вчерашната седница на Советот на Општина Кочани 11-та по ред имало поставено и советнички прашања на кои имало дадено ие целосни одговори. Така информираат дел од граѓаните кои го следеле преносот од седницата. Денес добивме неколку фотографии од две улици во градот каде работите од поодамна се започнати а никако да се завршат. „Ова…
РЕКРЕАТИВЦИ ЗАГРИЖЕНИ ЗА СЕЧЕЊЕТО НА ШУМАТА
Во текот на вчерашниот и денешниот ден од совесни граѓани (рекреативци) добивме неколку телефонски јавувања за сечење на шума со моторни пили на ридовите спроти „Бавчалук“ односно на местата кои во летниот период беа опожарени. Граѓаните што го користат овој дел од градот за рекреација слушнале дека се сечат дрва со моторни пили но и…