екологија

ОДБЕЛЕЖАН СВЕТСКИОТ ДЕН НА ВОДАТА
По повод Светскиот ден на водата, 22 март, ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани го одбележа денот со стручни излагања и презентации на теми поврзани со важноста на водата. Настанот беше одржан во просториите на Мултикултурниот центар. Презентации беа подготвиле ученици од ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Кочани под менторство на Нада Ѕ’мбова Донева, наставник…

ЗАПОЧНА АКЦИЈАТА ЗА СОБИРАЊЕ ПОТПИСИ ПРОТИВ ЗАГАДУВАЊЕТО ОД „ПЕЈПАР МИЛ“
Денес и официјално започна акцијата за собирање потписи од граѓаните со кои би се ставило крај на најголемиот загадувач на воздухот па и водата во Кочани и околината, компанијата „Пејпар Мил“. Днес првиот пункт за собирање на потписи беше поставен на платото во Градскиот Трговски Центар а граѓаните околу три часа доаѓаа и се потпишуваа…

ЈОУ ДГ „ПАВЛИНА ВЕЛЈАНОВА“ ЗАПОЧНА СО АКЦИЈАТА НА ЗАСАДУВАЊЕ ДРВЦА
Дечињата и вработени во ЈОУ ДГ „Павлина Велјанова“ започнаа со засадување на зимзелени и листопаадни дрвца по повод доаѓањето на едно од најубавите годишни времиња – пролетта. Како први кои ја започнаа акцијата со засадување дрвца беа дечињата од сите групи како и вработените од клон „Сончогледи“. Освен засадувањето на дрвцата дечињата имаа и други…

ПО РЕАКЦИИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ ПАЗАРОТ ОД ЛЕВАТА СТРАНА НА РЕКАТА ИСЧИСТЕН
По оправданите реакции на повеќе граѓани за лошата состојба на дел од Градскиот пазар особено на левиот дел од Кочанска река, во текот на вчерашниот ден единиците во состав на КЈП „Водовод“ за одржување на хигиената во градот го исчистија целиот терен. Приложените фотографии покажуваат дека се е исчистено но сепак прашањето е до кога?…

ПРОСТОРОТ Е ИСЧИСТЕН, СМЕТОТ Е СОБРАН А ВО ПОНЕДЕЛНИК ЌЕ СЕ НОСИ НА ДЕПОНИЈАТА
„Просторот е исчистен, сметот е собран а во понеделник ќе се носи на депонијата“ така гласи пораката што ја добивме со која е испратена и фотографија, за сработеното на службата задолжена за чистење на градот при КЈП „Водовод“ – Кочани. Минатите денови објавивме писмо од жители на зградите кои го користат просторот позади зградата на…

ДА БЕШЕ ПРОТЕСТОТ ЗА ПОКАЧУВАЊЕ НА ПЛАТИ, И АДМИНИСТРАЦИЈАТА И ОБРАЗОВАНИЕТО ЌЕ ИЗЛЕЗЕА, ВАКА …
По ветровито и студено време се одржа долго најавуваниот протест против аерозагадувањето од компанијата „Пејпар мил“. Иако голем број од населението секојдневно не заморува со коментари по ФБ и се удираат во гради дека им смета загадениот воздух, денес на протестот излегоа одвај околу двесте најупорни жители на Кочани. Да беше протестот организиран за зголемување…

ВО ДЕНЕШНАТА ЕКОЛОШКА АКЦИЈА ЗАСАДЕНИ 120 НОВИ САДНИЦИ
По вчерашното засадување на 43 садници во месноста викана Калиманова глава на улица „Роза Петрова“, денеска беа засадени уште 120 нови садници во населбата Усова Чешма, односно покрај улицата која го спојува Кочани преку месноста викана Пресечена Скала со патот до месноста Крушка. Во акцијата на денешното засадување нови садници беа вклучени жителите на овој…

ПОДНЕСЕНА ПРЕТСТАВКА ДО ОЈО – КОЧАНИ ЗА ПОВТОРНО РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА КРИВИЧНАТА ПРИЈАВА ПРОТИВ „ПЕЈПАР МИЛ“
Денес до ОЈО (Основно Јавно Обвинителство) – Кочани од страна на Граѓанската иницијатива за чист воздух во Кочани беше поднесена претставка со која се бара повторно разгледување на кривичната пријава против „Пејпар Мил“ за континуираното загадување на животната средина во Кочани и околните места. Како илустрација да споменеме дека Кочанското обвинителство најпрвин ја одби кривичната…

ЗАСАДЕНИ 43 САДНИЦИ ВО МЕСНОСТА КАЛИМАНОВА ГЛАВА
Согласно Програмата за животна средина, денеска на локацијата кај Детскиот парк во месноста викана Калиманова глава на улица „Роза Петрова“, беа засадени нови 43 садници, од кои 28 зимзелени и 15 листопадни дрвја. Станува збор за висококвалитетни и повеќегодишни садници. Во засадувањето и уредувањето беа вклучени вработените од КЈП „Водовод“ и Општина Кочани, комуналниот инспектор,…

ПОЧНА ПОСТАВУВАЊЕТО НА САДОВИ ЗА СОБИРАЊЕ ХАРТИЈА И КАРТОН
Деновиве започна поставувањето на специјални садови исклучиво за собирање на хартија и картон. Тие се во непосредна близина на контејнерите а истите ги поставува компанијата „Еко проект“ – Кочани. Со овие садови ќе се селектира комуналниот отпад од отпадот на хартија и картон. Засега компанијата ќе постави десет такви садови што не значи дека овде…