екологија
ЌЕ СЕ ВРАТАТ ЛИ ЦВЕЌИЊАТА НА КЕЈОТ НА РЕКАТА?
Навистина „Кочанска река“ е феномен, приказна за себе. Реката сама си го одреди течението, на двете страни од течението природна трева која редовно се одржува, (рака на срце од мостот кај Собранието па до мостот кај Воени отсек) што и дава посебна убавина. Минатите години и кејот на реката беше прекрасен, посебна убавина и даваа…
УТРИНСКА АКЦИЈА НА ДОБРОВОЛНОТО ПРОТИВПОЖАРНО ДРУШТВО ОД КОЧАНИ
По иницијатива на Општина Кочани денес во претпладневните часови членови на Доброволното Противпожарно Друштво од Кочани имаа утринска акција, го исчистија просторот (плочникот) во Градскиот Трговски Центар во Кочани. Освен во трговскиот центар нивни екипи го исчистија и Детското игралиште во „Паркот на Револуцијата“. С. Ивановски КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ…
ИНФО ЗА ВОНРЕДЕН ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР ВО КОЧАНИ.
По рекакции на тв медимите и социјалните мрежи во врска со изградба на малата хидроцентрала во заштитеното подрачје Осоговски планини, Кочанско МХЕЦ МАЛА РЕКА со реф.бр.361 од правниот субјект ДИС ЕНЕРГИЈА ДОО Скопје, ДИЖС направи вонреден испекциски надзор на локацијата. Констатирано е дека во моментот на надзор на самата локацијата нема активности, но претходните три…
РЕАЛИЗИРАНА АКЦИЈАТА ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 2023
Oпштина Кочани се вклучи во реализација на најголемата национална акција за чистење и селектирање отпад – Генералка викенд 2023. Во акцијата учествуваа Детската градинка „Павлина Велјанова“, основните и средните училишта, вработени во КЈП „Водовод“ и Општина Кочани. Се собираше и селектираше отпад на повеќе локации: во околината на Спомен-домот „АСНОМ“, во Тикешински Лозја, Лукубија, кај…
НОВ ВИД ПТИЦИ ВО КОЧАНСКО ИЛИ …..
Утрово наш читател забележал некој нов вид на птица (барем така пишува) и направил две фотографии. Не можел поблизу да и се приближи бидејќи птицата уплашено делувала. Кој вид на птица е ова и ние не знаевме да му одговориме, па оставаме на Вас читателите да дадете одговор доколку го знаете. Благодариме на соработката С. …
УРЕДУВАЊЕ НА ТРЕВНИ ПОВРШИНИ ВО ЦЕНТРАЛНОТО ГРАДСКО ПОДРАЧЈЕ
Во корелација со Општина Кочани, КЈП „Водовод“ со неговата оператива од Секторот градско зеленило интензивно работи на косење трева на повеќе локации во градот според предвидениот план и програма. Денес се коси трева на просторот во централното градско подрачје. Вработени од Секторот градско зеленило интензивно работат на уредување на речното корито и тревните површини околу…
КЈП „ВОДОВОД“ – ПОЛНЕЊЕ СО ПОЧВА НА НОВО ПОСТАВЕНИТЕ БЕТОНСКИ ЖАРДИНЈЕРИ
КЈП “Водовод” Кочани продолжува со активности за хортикултурното уредување на ново поставените бетонски жардињери. Одделението за градско зеленило денеска на ул.„Тодосие Паунов„ , по целата нејзина должина, на потегот од кружниот тек кај полициската станица до бензинската станица на “Лукоил” вршеше полнење на жардињерите со почва. Истовремено се уредуваат и бетонските жардињери на улица “Стево…
КОЧАНСКИТЕ ПОЖАРНИКАРИ, ДОБРОВОЛЦИ И ЦРВЕН КРСТ ЗАСАДИЈА 600 САДНИЦИ БАГРЕМ КАЈ ПРЕСЕЧЕНА СКАЛА
Здружени сили на Доброволното противпожарно друштво – Кочани, Територијалната противпожарна единица – Кочани и волонтерте на Црвениот крст денеска спроведоа пролетна еко – акција за пошумување и озеленување на површините кај местото викано Пресечана скала над Кочани. На површините кои пред неколку години настрадаа во шумски пожар беа засадени 600 садници на млад багрем, со…
ИСЧИСТЕНА ОКОЛИНАТА НА СПОМЕН-ДОМОТ „АСНОМ“
Вработените на КЈП “Водовод” Кочани во координација со локалната самоуправа во текот на денешниот ден ја исчистија дивата депонија и целиот локалитет кај Спомен-домот “Асном”. Во текот на акцијата беа собрани и изнесени околу 3 метри кубни мешан комунален отпад, градежен шут и слично. Во наредниот период, КЈП “Водовод” Кочани ќе продолжи со акции за…
ПРОЛЕТНА АКЦИЈА ЗА ОЗЕЛЕНУВАЊЕ НА ЈАВНИТЕ ПОВРШИНИ
Започна пролетното озеленување на јавните површини во Кочани Надлежните служби од Општина Кочани денеска ја започнаа пролетната акција за озеленување на јавните површини. Во разделното зеленило на улицата „Тодосија Паунов“, на улиците „Страшо Ербапче“, во паркот во населбата Калиманова Глава и на десетина други локации во градот се насадија 40 садници од јасен, јавор, индиски…