Локална
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЉУПЧО ПАПАЗОВ ГО ПОСЕТИ ПРВОТО НОВОРОДЕНЧЕ ВО 2022 ГОДИНА
Градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов во саботата го посети првото новороденче во Кочани во 2022 година и неговата мајка Ивана Тасева. Мајката Ивана на свет го донесе своето второ дете, ќерката Софија на Акушерското одделение при Општата болница со проширена дејност – Кочани. „Породувањето помина во најдобар ред и се чувствувам добро. Сакам да…
САНИРАН НАСТАНАТИОТ ПРОБЛЕМ СО РЕШЕТКА НА УЛИЦА „СТРАШО ЕРБАПЧЕ“
Освен дежурните екипи на Одделението за јавна чистота во КЈП „Водовод“ – Кочани, кои како секое и ова утро се грижат за јавната чистота на градот, овојпат после новогодишната ноќ, во текот на вчерашниот и денешниот прв ден од 2022 година, дежурни екипи на КЈП „Водовод“ интервенираа за настанат проблем со решетка на улицата „Страшо…
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ, ЉУПЧО ПАПАЗОВ УТРИНАВА ГИ ПОСЕТИ ДЕЖУРНИТЕ СЛУЖБИ
Градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов на првиот ден од 2022 година ги посети дежурните екипи на Полициската станица – Кочани и Територијалната противпожарна единица – Кочани и се информираше за работата на службите во текот на новогодишната ноќ. Од Полициската станица во Кочани информираат дека новогодишната ноќ поминала без нивни посериозни интервенции и во…
НОВОГОДИШНА ЧЕСТИТКА ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ ЉУПЧО ПАПАЗОВ
„Почитувани граѓани на Општина Кочани, Годината која изминува зад нас беше полна со предизвици, година во која водевме битка со пандемијата. Од 2021 година научивме многу, си бевме поддршка едни на други и затоа да ги запамтиме само добрите моменти. Во пресрет на Новата 2022 година посакувам со многу работа, ентузијазам и труд Општина Кочани…
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ПАПАЗОВ СО ОБРАЌАЊЕ ПРЕД СОВЕТОТ, БУЏЕТОТ ЗА 2022 ГОДИНА ЌЕ ОБЕЗБЕДИ РАЗВОЈ НА КОЧАНИ
На петтата, последна седница на Советот на Општина Кочани за оваа календарска година, градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов даде осврт за работењето во краткиот период откако ја извршува највисоката локална функција. Поздравувајќи ја конструктувноста во донесувањето на Буџетот на Општина Кочани за 2022, Папазов истакна дека и во наредната година капиталните расходи ќе доминираат…
ОД СЛЕДНАТА ГОДИНА МЕМОРИЈАЛЕН КОШАРКАРСКИ ТУРНИР „САШО ЛАЗАРОВ – ЧАПО“
На предлог на советникот д-р Томе Солевски денешната 5-та седница на Советот на Општина Кочани започна со едноминутно молчење во чест на предвреме починатиот наш сограѓанин, познатото кошаркарско име Сашо Лазаров – Чапо. За време на седницата на предлог истиот советник беше донесен заклучок од следната година да се организира Меморијален кошаркарски турнир за млади…
ПРИСТИГНАТИ 10 ПРИЈАВИ ЗА ФОРМИРАЊЕ ЛОКАЛЕН МЛАДИНСКИ СОВЕТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ
Во просториите на општинската зграда на Општина Кочани беше одржан состанок со претседавачот и верификационата комисија на Локалното собрание на млади на Општина Кочани на којшто по распишаниот јавен повик за членство во Локалниот младински совет на Општина Кочани доставените пријави беа разгледани. Комисијата констатираше дека до крајниот рок за пријавување на членови на Локалниот…
ПОДЕЛЕНИ НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА СО ПОДДРШКА ОД БУГАРСКАТА АМБАСАДА
Денес, градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов заедно со Н.Е. бугарскиот амбасадор г-дин Ангел Ангелов и неговата сопруга, поделија новогодишни пакетчиња во Кочани на локацијата наречена – споменикот Непознат борец. Новогодишните пакетчиња со поддршка од Бугарската амбасада беа поделени на дечиња од семејства од социјални категории. Општина Кочани
ПРЕТСТАВНИЦИ НА ГРАДЕЖНИ И ПРОЕКТАНТСКИ ФИРМИ НА СРЕДБА СО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ
Денес, Општина Кочани организираше средба со претставници на градежни и проектантски фирми и претставници на слични дејности од општината. Целта на средбата беше меѓусебно запознавање и споделување искуства и проблеми со кои се соочуваат во нивното работење. На средбата присуствуваше и градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов и претставници од Секторите за урбанизам и уредување…
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЉУПЧО ПАПАЗОВ НА СРЕДБА СО ПРЕТСТАВНИЦИ ОД ЗДРУЖЕНИЕТО НА ПЕНЗИОНЕРИ – КОЧАНИ
Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов во пресрет на Новогодишните празници оствари средба со претставници на Здружението на пензионери од Кочани. На средбата се разговараше за досегашната соработка на релација Здружение на пензионери со Општина Кочани а беа изнесени и нови идеи за понатамошна соработка. Главен акцент беше ставен и на изградбата на Старечкиот дом….