Образование

СОУ „ЉУПЧО САНТОВ“ – ЗАВРШЕН ДЕЛ ОД ПРОЕКТОТ „ЕВРОПСКИ ДИМЕНЗИИ НА СТРУЧНОТО ОБРАЗОВАНИЕ ВО ЕКОНОМИЈАТА
Во рамките на проектот Европски димензии на стручното образование во економијата, проект од програмата Еразмус +, шест ученици од економско – правна и трговска струка присуствуваа на 14 дневна пракса со цел запознавање со работата на Европските проекти. Тројца ученика праксата ја реализираа во невладина организација во Кушадаси (Турција) а другите тројца во невладина организација…

ТИМОТ НА СОУ „ГОШО ВИКЕНТИЕВ“ – ДРЖАВЕН ПРВАК ВО РОБОТИКА, ЌЕ УЧЕСТВУВА НА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ВО МАРОКО
На државниот натпревар по роботика кој беше оддржан на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, нашиот тим „The Makbot Pioneers“ беше севкупен победник во сите категории и се пласираше на светското првенство кое оваа година ќе се одржи во Мароко. Натпреварот се состоеше од 4 категории: игра со роботи, иновативен проект, дизајн на робот и основни…

ООУ „НИКОЛА КАРЕВ“ – КОЧАНИ – НОВ ПРОЕКТ ЗА ДЕЦАТА СО ПОСЕБНИ ОБРАЗОВНИ ПОТРЕБИ
ООУ „Никола Карев“ – Кочани започна со нов проект кој е во соработка со наставниците по физичко и здравствено образование,наставничката по ликовна уметност и училишниот дефектолог а е наменет за деца со посебни образовни потреби. „Од денес па се до завршувањето на учебната година секоја (сабота од 10:00 до 11:00 часот ) ќе се одржуваат…

ВО ООУ „НИКОЛА КАРЕВ“ ОТВОРЕНА СОБА ЗА РОДИТЕЛИ
Денес во нашето училиште ја отворивме Собата за родители во која родителите на нашите ученици ќе имаат свој простор за разговор со секој наставник од кого имаат потреба и тоа во свое катче каде ќе можат да разговараат за сите потреби на своите дечиња. Собата е направена со средствата собрани од Новогодишниот базар. „ООУ,,Никола Карев”-Кочани“…

ЌЕ СЕ ДОГОВОРАТ ЛИ КОНЕЧНО ПАРТИИТЕ ЗА ДА ПРОРАБОТИ ГРАДИНКАТА „ДЕТЕЛИНКИ“
Во текот на вчерашниот ден (Понеделник) беше спроведена акција за озеленување на дворот на новоизградената детска градинка „Детелинки“ која долго време желно ги чека првите дечиња. Несфатливо е да зеленуваат објект што никако да се спогодат да биде пуштен во употреба. Приказните дека градинката уште не е отворена поради влага во истата и поради неадекватно…

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА НА ДИРЕКТОРОТ НА ООУ „МАЛИНА ПОПИВАНОВА“
Директорот на ООУ „Малина Попиванова“ од Кочани Благој Петров на денешната прес конференција ги најави претстојните активности на училлиштето. Го најави Базарот на можности, што ќе се одржи на 7 март, ден пред Меѓународниот ден на жената. Во оваа активност, односно во изработка на ракотворбите што ќе бидат изложени на продажба, се вклучени учениците, нивни…

ПОВЕЌЕГОДИШНИОТ ПРОБЛЕМ СО ВЛАГАТА ВО КАБИНЕТИТЕ РЕШЕН НА ИНОВАТИВЕН НАЧИН
Проблемот за учениците и вработените кои настава држеа во подрумските кабинети во СОУ „Гошо Викентиев“ и со години се соочуваа со влага, сека е минато. Имено години на назад после дождовите тој слободен простор едноставно пливаше во вода. Се правеа разни обиди со фрлање на песок, потоа со изолација со тер хартија колку толку да…

МАРИЈА КОЦЕВ НОВ В.Д. ДИРЕКТОР НА ООУ „НИКОЛА КАРЕВ“ – КОЧАНИ
По завршувањето на шестмесечниот мандат на Александар Андов, за нов в.д. директор во ООУ „Никола Карев“ – Кочани е именувана Марија Коцев, професор по физичко воспитување. Како што истакнуваат од колективот на училиштето се работи за професионалец за кој сите се надеваат дека ќе продолжи онаму каде што Андов застана и дека училиштето со нови…

АЛЕКСАНДАР АНДОВ: ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТО ВО МАНДАТОТ ОД ШЕСТ МЕСЕЦИ
Денеска беше отворена новата комплетно реновирана наставничка канцеларија во ОУ „Никола Карев“ Кочани која воедно беше и последниот проект од повеќето кои се реализираа во време на сега веќе претходниот в.д. директор Александар Андов. За време на својот мандат од шест месеци освен оваа реновирана наставничка канцеларија во ООУ „Никола Карев“ – Кочани Александар Андов…

РЕНОВИРАНАТА КАНЦЕЛАРИЈА ЗА НАСТАВНИЦИТЕ ВО ООУ „НИКОЛА КАРЕВ“ ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА
Денес во ООУ „Никола Карев“ беше пуштена во употреба новата комплетно реновирана канцеларија за натавниците која е уште еден од низата проекти на досегашниот в.д. Директор на училиштето Александар Андов. „Огромно задоволство е што денес ја отворивме комплетно реновираната Наставничка канцеларија во модерен и современ стил, каде наставниците ќе можат во пријатна атмосфера да ги…