Политика

ОО СДСМ КОЧАНИ: СООПШТЕНИЕ
На 28 Конгрес на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија се промовираа и изгласаа носителите на листите и кандидатите за пратеници за престојните парламентарни избори. Душанка Горгиева Трпевски е кандидат за пратеник во третата изборна единица од општинската организација на СДСМ Кочани, каде за носителка на листата за пратеници е изгласана Сања Лукаревска. Победа за Европска Македонија!…

ПРЕС НА ОО СДСМ – КОЧАНИ
Почитувани, Со сета почит кон жената и празникот 8 Март, со цел од истиот да не практикуваме политика, сега го демантираме пресот на ДПНЕ одржан истиот ден. Цели 12 години ДПНЕ со своите лоши политики го загрози здравствениот систем на кој така поставен му треба време и голема посветеност да излезе од состојбата во која…

ЧЛЕНОВИ НА ОО ЛДП – КОЧАНИ СО ЧЕСТИТКИ ЗА ПРАЗНИКОТ НА ЖЕНАТА
Членови на ОО ЛДП – Кочани со скромни подароци и на пригоден начин го честитаа 8-ми Март „Меѓународниот ден на жената“. На неколку локации во Централното градско подрачје, членови на ОО ЛДП – Кочани на случајни минувачи од понежниот пол на еден убав и достоинствен начин им го честитаа празникот. С. Ивановски КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА …

ОДРЖАНА 44. СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ
Советот на Општина Кочани ја одржа 44. редовна седница, на чиј дневен ред се најдоа три точки. Со 12 гласа „за“, Советот ги усвои Завршната сметка на Буџетот на Општина Кочани и Годишниот извештај на Општина Кочани за 2023 година. По образложението од стручните служби, Советот ја усвои и одлуката за измена на распоредот на…

ЗГ БУДНОСТ: ЛИЦЕМЕРИЕТО НА ЛЕВИЦА НЕМА КРАЈ
Почитувани граѓани на Општина Кочани, Вие заслужувате да ја знаете вистината. На 36-тата седница на Советот, како точка на Дневен ред беше петицијата за конечно исфрлање на родовите компоненти од Локалниот акциски план за еднакви можности на мажите и жените. Една од најгласните во Советот по ова прашање беше Жаклина Свеќаровска-Филипова од Левица, која изјави…

ПП ЛЕВИЦА, ЛО КОЧАНИ: ПОЧНУВА ПРОЦЕСОТ ЗА СОБИРАЊЕ ПОТПИСИ ЗА КАНДИДАТОТ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Почитувани граѓани на Кочани и околината Процесот за собирање на потписи за Проф. д-р Билјана Ванковска кандидат за претседател на Република Македонија од Левица почнува од 23.02. до 08.03.2024 година. За време на собирањето на потписите Подрачните одделенија и канцеларии на Државна изборна комисија, ќе работат СЕКОЈ ден (значи и ВИКЕНД) во периодот од 23.02….

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА НА ОК НА ВМРО ДПМНЕ – КОЧАНИ: ГРАДСКА ЧЕТВРТ 5
Почитувани сограѓани, Ромската заедница во нашата општина со децении се соочува со сериозни проблеми кои го отежнуваат секојдневието, за што јавноста е добро запознаена. Немањето на детален урбанистички план за овој дел од градот беше главна причина ромското население да нема елементарни услови за живот, како добивање на одобренија за градба за сопствени живеалишта, водовод,…

ДОПОЛНИТЕЛНАТА МИНИСТЕРКА ЗА ФИНАНСИИ М-Р ЕЛЕНА ПЕТРОВА ВО ПОСЕТА НА КОЧАНИ
Дополнителната министерка за финансии од редовите на ВМРО ДПМНЕ, м-р Елена Петрова по посетата на компании од Источниот регион во Кочани одржа прес конференција на која истакна: „Нашата заложба е да бидеме постојано во отворен контакт со бизнис секторот за да може да креираме економски и даночни мерки и политики, монетарни мерки и мерки во…

КОМИСИЈА ЗА ЗДРАВСТВО НА ОО НА СДСМ КОЧАНИ: ВМРО ДПМНЕ ГЛУМИ ЛАЖНА ЗАГРИЖЕНОСТ ЗА ЗДРАВСТВЕНИОТ СИСТЕМ
Цели 11 години ВМРО-ДПМНЕ имаше време да направи многу во здравството, но наместо да го подобри здравствениот систем истиот го користеше за лично богатење. Цели 11 години владееше хаос во здравството, а клиниките се распаѓаа. Лошите политики на ВМРО-ДПМНЕ во здравството резултираа со урнисан здравствен систем, погазени права на пациенти и катастрофално лоши услови за…

КОМИСИЈА ЗА ЗДРАВСТВО НА ОК ВМРО ДПМНЕ – КОЧАНИ: КОЧАНСКОТО ЗДРАВСТВО Е УНИШТЕНО
Соопштение Неспособноста на партиските војници кои неколку години го ,,водат” здравството во Кочани доведе до една грда слика и погрешна претстава за здравствените работници кои сакаат да работат и кои со својата стручност и професионалност планираат да ги подобрат состојбите овде, во нашиот град. Според последната ранг листа на можности за здравствена заштита што ја…