Спорт

НАТАЛИЈА КАРОВА ВТОРОПЛАСИРАНА, НЕ УСПЕА ДА ОБЕЗБЕДИ УЧЕСТВО НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО
Денес во Скопје, во општина Бутел се одржаа плеј офф натпреварите на првопласираните четворица каратисти од секоја категорија кои минатиот викенд се изборија на „Државно првенство во карате за кадети, јуниори и помлади сениори У-21“. Победниците од денешните плеј офф натпревари обезбедуваа директно учество на претстојното Европско првенство. Од Карате Клубот „Кочани“ се надеваа дека…

ИГРАЧИТЕ НА „ОСОГОВО“ ПОРАЧУВААТ, БОДОВИТЕ ОСТАНУВААТ ВО КОЧАНИ
За време на викендот се играат натпреварите од 12-тото коло во Втора Фудбалска Лига по што следува една седмица пауза во првенството поради настапите на селекциите на Македонија. „Осогово“ лошо го почна првенството кога во првите пет кола забележаа исто толку порази, но откако ги средија редовите играчите се разиграа по што следуваше серија од…

БЛАГОЈ СИТНОВСКИ НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ШАХОВСКИ КЛУБ „КОЧАНИ“
По пауза од неколку години изминатата сабота Шаховскиот клуб „Кочани“ одржа Изборно Собрание на кое беа избрани новите тела кои ќе раководат со клубот во периодот што следува. За нов Претседател е именуван Благој Ситновски а за Секретар Методи Кузманов. Никола Давитков е именуван за Технички секретар кој ќе биде одговорен за организација на претстојните…

ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ВО КАРАТЕ, НАТАЛИЈА КАРОВА ОБЕЗБЕДИ УЧЕСТВО НА БАЛКАНСКОТО ПРВЕНСТВО
Во текот на вчерашниот ден (Сабота) во Скопје, општина Бутел се одржа „Државното првенство во карате за кадети, јуниори и помлади сениори У-21“. Карате Клуб „Кочани“ настапи со четири натпреварувачи од кои Наталија Карова настапи во категоријата до 48 килограми – јуниорки и го освои второто место со што обезбеди директно учество на Балканското првенство…

ДВЕ МЕДАЛИ ЗА БОРАЧИТЕ НА „СПАРТАК“ НА МЕЃУНАРОДЕН ТУРНИР ВО БУГАРИЈА
На вториот Меѓународен турнир „Куп Неврокоп“ што денес се одржа во Гоце Делчев (Бугарија) борачите на „Спартак“ освоија две медали, од кои еден златен и еден бронзен. На турнирот годинава се појавија околу 300 борачи од Украина, Молдавија, Латвија, Грција, Белгија, Турција, Романија, Македонија (три клуба) и повеќе клубови од домаќинот Бугарија. Боречкиот клуб „Спартак“…

„ОСОГОВО“ ПО БОДИВИ И НА БРЕГОТ НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО
Во Сабота се играат натпреварите од 11-тото коло во Втора Фудбалска Лига. Екипата на „Осогово“ по победата во минатото коло заминува за Струга каде бара продолжување на успешната серија. Кочанчани во изминатите пет кола со некои поместувања на играчите започнаа да играат поинаков фудбал отколку на стартот на првенството по што дојдоа до освојување на…

ДЕЈАН ЃОРЃИЕВ ГОЛГЕТЕР НА ТУРНИРОТ
По повод неодамнешната просава „10 години Амфенол Технолоџи Македонија“ се одржа турнир во мал фидбал vна кој зедоа учество осум погони од компанијата (FTG, Tel ad, Connexus, Ke Elektronik, Filec, AAS, Procom, Nox). По доста интересни натпревари на крајот победник на турнирот стана екипата од погон „Ke elektronik“. Второто место му припадна на погонот од…

ОСУМ МЕДАЛИ ЗА КГС „КОЧАНИ“ НА ВТОРИОТ ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР ВО „А“ И „Б“ ЛИГА
Изминатиот викенд во Битола се одржа вториот Државен натпревар во гимнастика во А и Б лига. Саботата беше резервирана за настапите на девојчињата а неделата на момчињата. КГС „Кочани“ учествуваше со свои претставници и во двете конкуренции кои на крајот освоија вкупно 8 медали во екипна и поединечна конкуренција, 3 за девојчињата и 5 кај…

ЖФК „КОЧАНИ“ ЕСЕНСКИОТ ДЕЛ ОД ПРВЕНСТВОТО ГО ЗАВРШИЈА НА ТРЕТОТО МЕСТО
Со одигрувањето на натпреварите од 7-мото коло заврши есенскиот дел од првенството во Втора Фудбалска Лига за жени. Со 13 освоениi бода од седум натпревари младата екипа на Кочани го зазеде третото место. Кочанчанки во последното есенско коло и гостуваа на екипата на „Плачковица“ а конечниот резултат одлучуваше која екипа ќе биде на третата позиција….

ВТОРА ФУДБАЛСКА ЛИГА – ЛУКА ГЕОРГИЕВ ГО ТОРПЕДИРАШЕ „КОЖУФ“
По облачно, но пријатно време за игра, денес на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани пред 400 гледачи, во рамките на 10-тото коло од Втората Фудбалска Лига „Осогово“ сосе,а заслужено ја совлада екипата на Кожуф со резултат 3:2 (2:0). Кочанчани фуриозно го започнаа натпреварот и веќе по 20 секунди имаа можност да го откријат резултатот, но…