По повеќе од четири децении конечно најстарото основно училиште во Кочани ОУ „Раде Кратовче“ благодарение на Амбасадата на Јапонија во Република Македонија ќе добие нов модерен кров за кој ќе бидат потрошени 70 илјади Евра..
„По 45 години повторно ќе биде реконструиран покривот на нашето училиште. Проектот е од големо значење за сите нас. Самиот процес го водеа двајца вработени од училиштето, односно Драган Трајчев и Ана Симонова. Ќе добиеме нов покрив, согласно денешните нови современи стандарди, а со тоа ќе продолжиме да созадаваме нови подобри услови за работа, како што заслужуваат сите наши вработени и ученици. Откако е изградено училиштето во 1936 година, покривот бил реконструиран само еднаш во далечната 1980 година. По скоро 45 години, покривот е во многу лоша состојба, а вработените и учениците изразуваат сериозна загриженост за можноста тој да се распадне. Покривот е направен од стра дрвена градба, која е со површина од 785 квардратни метри. Покриот нема ниту хидро изолација ,а таванот е направен од трски. Сите овие стари и истрошени материјали предизвикуваат истекување на водата во крвот. Втората директна закана е што водата истекува близу до електричната инсталација, а тоа претставува и потенцијална закана за пожар. Ова се главните прични поради кои ние имавме апликација до јапонската амбасада“, истакна Глигор Гацовски, директор на ОУ „Раде Кратовче“.
Реконструкцијата е планирано да започне по завршувањето на оваа учебна година, така да учениците и вработените со стартот на учебната 2024/2025 година ќе имаат побезбедни услови за следење на наставата.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ