После долг период Виница беше домаќин на една од поубавите културни манифестации за деца.
Имено за прв пат на радост на виничани се одржа Предновогодишна детска музичка претстава „Писма до Дедо Мраз“ во која учествуваа повеќе од шеесет дечиња.. Се одржаа четири претстави во кои најголемиот дел од посетителите беа ученици од двете основни училишта во Виница (Славчо Стојменски и Гоце Делчев) како и од гимназијата Ванчо Прке.
Дечињата во костими ги облече модната дизајнерка Александра Филипова сопственик на компанијата „BlackBello“ од Виница, за сценариото и хорот во претставата беше задолжен Професор Гоце Данилов, додека режисер на претставата беше М-р Николина Петровска.
И така, една прекрасна идеја се претвори во реалност за што „виновни“ се сите оние компании кои се вклучија во целокупната реализација: „Мебел Ви“, „Макпрогрес“, „КГ продукција“, „Фрипек“ од Виница, и „Вива сокови“ од Скопје, а дека претставата беше направена на едно мошне високо ниво сведочи големата побарувачка за влезници.
Една прекрасна претстава годинава и се случи на Виница, со надеж дека и следните години ќе продолжи.
С. Ивановски