Во салон „Фоаје 2“ во НУЦК „Бели Мугри“ во Кочани денес во присуство на љубители на уметноста беше отворена изложбата „Карикатури“ од Меѓународниот фестивал за хумор и сатира „IN VINICA VERITAS“ – Виница.
Пред љубителките на овој вид на уметност свое обраќање имаа Александра Димитрова – Стручен соработник за визуелни уметности, архитектура и дизајн при НУЦК „Бели Мугри“ – Кочани и Благица Стојанова – Директор на ДК „Тошо Арсов“ – Виница.
Како што беше истакнато на изложбата се поставени 50 карикатури од годинешниот XV Меѓународен фестивал за хумор и сатора „ IN VINICA VERITAS“ на кој учествуваа уметници – карикатуристи од 48 земјо во светот со вкупно 622 карикатури.
Инаку Кочани е првиот град во Македонија каде што е поставена изложбата.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ