Денеска во ОУ „Св. Кирил и Методиј“ – Кочани со отворање на сензорна соба беше означен завршетокот на проектот „Инклузивни општини преку квалитетно образование“, финансиран од германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ), а спроведен од страна на фондацијата „Чекор по чекор“.
Потребата од опремување на сензорна соба во училиштето е заради тоа што истото како најголемо училиште во општината не располага со сензорна соба за децата со попреченост, чија цел е да се подобри образовниот процес на децата со попреченост и да им се обезбедат поквалитетни услови за учење, напредок и развој.
Општина Кочани е една од општините која ги има потребните предиспозиции за напредок во социјалната заштита, има Совет за социјална заштита, поседува Социјален план 2022-2025 година, а во 2022 година беше изработен стратешки документ „Социјално мапирање на состојбите и потребите на лицата со попреченост во општина Кочани“, проект финасиран од ГИЗ – како дел од Агенда 2030 и принципот „Никој да не биде изоставен“, имплементиран од ЗЕЛС и НАЛАС .
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ