ВЛАДАТА ГИ ЗАМРЗНА ЦЕНИТЕ НА ПРЕХРАНБЕНИТЕ ПРОИЗВОДИ

На 124-тата редовна седница, Владата донесе Одлука за определување на највисоки цени на основни прехранбени производи во трговијата на големо и трговијата на мало. Со оваа одлука се определуваат највисоки цени во трговијата на големо и трговијата на мало на основните прехранбени производи, и тоа за: леб; шеќер; брашно – тип 400; сончогледово масло за…

СО ВОЗИЛОТО УДРИЛ ВО МАЛОТЕН ПЕШАК И ГО ПОВРЕДИЛ, ВОЗАЧОТ ИЗБЕГАЛ ОД МЕСТОТО НА НЕСРЕЌАТА

На 02.12.2021 во 17.10 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на ул.„Страшо Ербапче“ непознато патничко возило удрило во малолетен пешак од Кочани и го напушило местото на несреќата. Малолетничката се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Јавната здравствена установа Кочани. Извршен бил увид од екипа од Полициската станица Кочани и се работи…

ОД „ОСОГОВО“ ПОРАЧУВААТ: ПОБЕДНИЧКАТА СЕРИЈА ЌЕ ПРОДОЛЖИ И ВО ГРАДСКО

Продолжуваат натпреварите во Втора Фудбалска Лига – Исток. Се игра 13-тото коло во кое има неколку интересни и крајно неизвесни натпревари. Добрата и ефикасна игра на „Осогово“ во последните две кола донесе радост и кај играчите и стручниот штаб а и кај навивачите. Токму добрата и ефикасна игра влева оптимизам и пред гостувањето во Градско,…

ОДБЕЛЕЖАН 3-ТИ ДЕКЕМВРИ, ДЕН НА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ

Денес по повод 3-ти декември, Ден на лицата со попреченост, градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов во придружба со претставници од Центарот за социјални работи ги посети лицата со попреченост при развојот кои престојуваат во Дневниот центар и специјалната паралелка во ОУ „Малина Попиванова“ во Кочани. Дневниот центар функционира за лица со умерена и тешка…

СТАВЕНИ ВО ФУНКЦИЈА ДЕЛ ОД ПОДЗЕМНИТЕ КОНТЕЈНЕРИ ВО КОЧАНИ

На три од петте предвидени локации во централното градско подрачје на Кочани се ставени во функција подземните контејнери за хартија, пластика и комунален отпад. Граѓаните веќе можат да го селектираат отпадот на две локации во Трговскиот центар и кај новиот станбен комплекс на улицата „Стево Теодосиевски“, со што  досегашното депонирање на отпадот на јавните површини…

КООРДИНАТИВЕН СОСТАНОК: ИНСТИТУЦИИТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ЛОКАЛНИТЕ ПАТИШТА И УЛИЦИ ВО ЗИМСКИ УСЛОВИ

По иницијатива на градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов вчера се одржа координативен состанок со претставници од институциите одговорни за зимско одржување на локалната патна инфраструктура. На работната средба градоначалникот Папазов ја истакна неопходноста од добра меѓуинституционална соработка заради успешно справување со временските услови што претстојат. Одговорните од Комуналното јавно претпријатие „Водовод“, како институција надлежна за…

ОПШТИНА КОЧАНИ ОБЈАВИ ПОВИК ЗА ОБУКА ЗА ЕКОНОМСКО ЈАКНЕЊЕ НА ЖЕНИТЕ

Општина Кочани е една од десетте во државата, каде ќе се спроведуваат обуки за економско јакнење на жените. На веб-страницата на Општина Кочани е објавен конкурсот за обуки за развој на вештини и знаења за дигитален маркетинг, онлајн продажба и употреба на дигитални технологии, развој на бизнис-идеја и бизнис-план, претприемништво и менаџерски вештини, како и за основни вештини…

ДОДЕЛЕНО ПРИЗНАНИЕТО НА ОРЦЕ НИКОЛОВ „НАЈДОБАР ВО ЕКОЛОГИЈАТА ВО ИСТОЧНИОТ РЕГИОН ЗА 2020 ГОДИНА“

Уредниците на порталите „Glasno.mk“ и „komarec.com.mk“ вечерва му го врачија признанието на Орце Николов кое годинава му го додели Регионалниот актив на новинари ИСТОК – Штип во склоп на манифестацијата „Најдоброто од Истокот за 2020 година“. Церемонијата на свеченото доделување на сите признанија се одржа во месец Август оваа година, но поради оправдани причини Орце…

БУГАРСКИОТ АМБАСАДОР АНГЕЛ АНГЕЛОВ НА СРЕДБА СО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЉУПЧО ПАПАЗОВ

Амбасадорот на Република Бугарија Ангел Ангелов, заедно со неговата сопруга Билјана Ангелова и дел од тимот на Бугарската амбасада, денес беше во посета на Општина Кочани и оствари средба со градоначалникот Љупчо Папазов. Заедно со амбасадорот Ангелов беше присутен  и Петар Петров, прв секретар на Бугарската амбасада. Денешната средба им овозможи на градоначалникот Љупчо Папазов…