ЗА ВЕЧЕРВА ЗАКАЖАНА ЈАВНАТА РАСПРАВА ПО НАЦРТ БУЏЕТОТ

Вечерва, со почеток во 18 ч. во салата на Мултикултурниот центар во Кочани ќе се одржи јавна расправа по нацрт-буџетот на Општина Кочани за 2022 година. Претставувањето пред јавноста на општинскиот буџет како акт на локалната власт со кој се планираат годишни приходи и други приливи и се одобруваат годишните расходи и другите одливи од…

ОПШТИНА КОЧАНИ КАКО ДЕЛ ОД КАМПАЊАТА ПРОТИВ СЕМЕЈНОТО НАСИЛСТВО

Во рамките на активностите за борба против родово базираното насилство, в недела на 12.12.2021 година во 12 ч.,  со собир во во Градскиот парк, Општина Кочани ќе ја поддржи кампањата што се реализира по иницијатива на Билјана Ангелова, сопруга на амбасадорот на Република Бугарија. Ангелова, преку социјалните мрежи повикува на поддршка на жените и децата, жртви на…

СООПШТЕНИЕ ОД АВТО ШКОЛИТЕ ОД КОЧАНИ И ВИНИЦА

На одржаниот состанок на 27.11.2021 година во Хотел „Сити Ин“ – Кочани на кој присуствуваа претставници на Авто школите од Кочани и Виница се дискутираше за тековното работење на школите во ново настанатите услови како во државата, така и на глобално ниво. Соочени со секојдневното покачување на цените на горивата, резервните делови, услугите, минималната плата…

НЕМА ТОЛЕРАНЦИЈА ЗА НАСИЛСТВОТО – ОПШТИНА КОЧАНИ СО ПОРАКА ЗА ЈАКНЕЊЕ НА СВЕСТА ПРОТИВ СЕКАКОВ ВИД НАСИЛСТВО

Шеснаесетте дена, помеѓу 25 ноември и 10 декември се само симболичен број за период во кој се јакне свеста за заштита и спречување на родово базираното насилство. За искоренување на насилството нема време за молчење ни простор за негрижа. Токму затоа Општина Кочани, во пресрет на 10 Декември, Меѓународниот ден на човековите права, испраќа порака…

РЕКОНСТРУКТИВНИ АКТИВНОСТИ ВО ДВЕ ОСНОВНИ УЧИЛИШТА ВО ОПШТИНА КОЧАНИ

Во тек се реконструктивни работни активности во две училишта во општина Кочани. Станува збор за реконструкција на кров и адаптација на тоалет за лица со посебни потреби во ООМУ „Ристо Јуруков“ – Кочани и реконструкција на кров, фасада, адаптација на тоалет и изградба на пристапна рампа во ОУ „Никола Карев“ – Кочани. Деновиве беа одржани и…

СКЛУЧЕН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА МЕЃУ ОПШТИНА КОЧАНИ И „РОМАЛИТИКО“

Во просториите на општинската зграда беше одржан состанок помеѓу градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов и преставници од Институтот за истражување и анализа на политики „Ромалитико“. На истиот беше склучен меморандум за соработка за спроведување на проектот „Заедно за просперитетна заедница“. Овој проект ќе се имплиментира во 17 општини во државата, од кои е и…

ОПШТИНСКИОТ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ ВО СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТАТА ЈА РАЗГЛЕДА ПРОГРАМАТА ЗА 2022 ГОДИНА

Членовите на Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата одржаа состанок на кој ја разгледаа Програмата за работа за претстојната година. Како советодавно тело коешто помага за подобрување на безбедносната состојба во сообраќајот на подрачјето на општина Кочани, Општинскиот совет предлага континуирани програмски активности  за унапредување на  сообраќајната култура  и образование на децата, но…

ПАТНИОТ ПРАВЕЦ БАВЧАЛУК-ВОДОПАД СО НИЗА МАЛИ ДЕПОНИИ

Патниот правец Бавчалук-Водопад е преполн со мали депонии кои секојдневно некултурните рекреативци или т.н. љубители на природата ги создаваат. Само што ќе помислиш дека расфрланиот смет завршил кога по неколку стотини метри иста слика. Се гледа дека совеста кај луѓето за чиста животна средина уште не проработила. Наместо да го соберат сметот што тие го…

ЈАСИН МУШЕ НА ПРОБА ВО КСАНТИ (ГРЦИЈА)

На едно коло до крајот на есенскиот дел од првенството во Втора Фудбалска Лига – Исток, играчот на „Осогово“ Јасин Муше замина на проба во ФК „Ксанти“ (Грција) кој моментно се натпреварува во Супер Лига 2 и по одиграни 5 кола се наоѓа на втората позиција со 13 бода, односно бод помалку од водечката „Вериа“….

РАСЧИСТУВАЊЕ НА КОМУНАЛЕН ОТПАД И ДЕПОНИИ ВО ОПШТИНА КОЧАНИ

Во тек се акциите за расчистување на комуналниот отпад и депониите во Општина Кочани, од страна на КЈП „Водовод“ – Кочани. Станува збор за диви депонии кои месното население свесно ги причинуваат, како и несовесното фрлање отпад покрај контејнерите за отпад, каков што е примерот кај локацијата Спомен-домот „АСНОМ“. Освен на локацијата Спомен-домот „АСНОМ“, каде што целосно…