РЕАКЦИЈА НА АВТО АТОМ

Неточни, непроверени и исполитизирани се обвиненијата кои деновиве се адресирани на нашата фирма Авто Атом преку локалните медиуми, а од страна на политички субјект. Поради тоа сме принудени да реагираме и енергично да ги отфрлиме замајувачките инсинуации, кои сигурни сме, предизвикуваат револт и кај граѓаните. Посебно заради чувствителниот факт дека се работи за превоз на…

СО АПЛИКАЦИЈАТА „МЗАЕДНИЦА“ – МОЖНОСТ ЗА ДИГИТАЛНО ПРИЈАВУВАЊЕ НА КОНКУРСОТ ЗА СТИПЕНДИИ НА ОПШТИНА КОЧАНИ

До 29 ноември, сите редовни студенти од општина Кочани, запишани на државните универзитети можат да аплицираат за стипендија преку дигиталната интерактивна платформа „мЗаедница“. Целта е да се создадат услови младите, како баратели на стипендии и корисници на новите технологии, да можат што поедноставно и полесно  да конкурираат за стипендии. По пристапот до „мЗаедница“, се оди…

ПРИЈАВА ПОРАДИ ИЗВРШЕН ФИЗИЧКИ НАПАД

На 22.11.2021 во 21.30 часот во Полициската станица Кочани, Т.Ѓ.(37) од Кочани пријавил дека околу 21.00 часот на ул.„Тодосија Паунов“ во Кочани бил физички нападнат од Б.Н. од Кочани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. ИЗВОР: Дневни билтени на СВР Штип

ПОЧНА ИСПОРАКАТА НА ПОТРЕБНИТЕ МАТЕРИЈАЛИ ЗА ИЗВЕДБА НА ПОТИСНИОТ ЦЕВКОВОД

Општина Кочани ќе ги инвестира добиените 44,5 милиони денари од   државниот буџет за реконструкција на главниот потисен цевковод за водоводната мрежа во градот и дел од населените места. Финансиската помош ја додели Владата по пренамената на средствата за   изградба на карго аеродромот кај Штип, а локалната самоуправа на Кочани наскоро ќе ја почне постапката за реализација на…

ТРЕТО МЕСТО ЗА БОРАЧОТ НА „СПАРТАК“ ФИЛИП АНГЕЛОВ НА МЕМОРИЈАЛЕН ТУРНИР ВО БОРЕЊЕ

Во неделата на 22 ноември 2021 година во спортската сала на Гимназијата „Зев Љуш Марку“ во Скопје се одржа меморијалениот турнир во борење слободен стил за мажи „Ментас Алајбегу и Ајруш Синани“ во организација на БК Лирија-Скопје. Турнирот имаше меѓународен карактер на кој зедоа учество стотина борачи од Р. Косово, Р. Бугарија и од боречките…

ПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА УЛИЦАТА „РОЗА ПЕТРОВА“

Почнаа активностите за реконструкција на еден километар од коловозот и на тротоарот од улицата „Роза Петрова“. Во тек се интервенции на пешачката зона од десната страна, каде се врши ископ, тампонирање и промена на постојните рабници во должина од 800 метри. Според Драги Илијевски, раководител на Одделението за уредување на градежно земјиште во Општина Кочани,…

8 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ОД ОПШТИНСКИОТ БУЏЕТ НАМЕНЕТИ ЗА КАМПАЊАТА НА ПАПАЗОВ?

Дали со 8-те милиони исплатени за камати за превоз од 2012 до 2017 година се финансираше кампањата на Градоначалникот Љупчо Папазов! На втората седница на Советот на Општина Кочани, советниците фатени во магла и непознавање, изгласаа контроверзна одлука со која овозможија на превозникот Авто Атом да му се исплатат 8 милиони денари по основ камата…

СЕКОЈ ДЕН Е ТАКА КАЈ АНТЕНАТА

Наш читател во моментот се нашол онаму каде можеби некој не сакале да се најде за да не го овековечи нивното неодговорно однесување ниту кон сограѓаните, ниту кон природата. Како што пишува „Секој ден поминувам на оваа релација и речиси секој ден иста слика. Кај антената секогаш е вака. Не знаеме што се пали, но…

СОСТОЈБАТА СО ПОВРЕДЕНИОТ АЛЕКСАНДАР МИТРЕВСКИ ОХРАБРУВАЧКА

На комшиското дерби „Осогово“ – „Слога 1934“ одиграно во рамките на 11-тото коло во Втора Фудбалска Лига – Исток, се случи мал инцидент кој во прв момент ги остави присутните без здив. Имено при водство за домаќините од 1:0 во 73’ на една топка стартуваа гостинскиот играч Мартин Петровски и Александар Митревски од домашната екипа….

ДОНЕСЕНИ ПРВИТЕ ПОДЗЕМНИ КОНТЕЈНЕРИ, НАЈАВЕНО ПОСТАВУВАЊЕ ОД СЛЕДНАТА СЕДМИЦА

Во пресрет на викендот беа донесени првите подземни контејнери, кои според најавите ќе бидат поставени на пет локации во централното градско подрачје. Засега четирите локации се околу Градскиот Трговски Центар а петтата е зад објектот пошта. Целта на овој проект е на самиот почеток да се започне со селектирањето на отпадните материјали кај станбените објекти…