ПЕШАЧЕЊЕТО Е ЗДРАВЈЕ – ОПШТИНА КОЧАНИ И ИЗВИДНИЧКИОТ ОДРЕД „ЛАСТОВИЦА“ РЕАЛИЗИРАА ПРОШЕТКА ДО ГОЦЕВА ШУМА

мај 14, 2022
0 min read

Во организација на Општина Кочани и Извидничкиот одред „Ластовица“, под мотото Пешачењето е здравје, утрово беше реализирана рекреативна прошетка до излетничкото место Гоцева Шума, на патот кон езерото Гратче.

Во прошетката се вклучија претставници на Здружението за борба против рак на дојка и сите други видови рак „Борка – за секој нов ден“, членови на  кочански планинарски и еколошки друштва, граѓани поддржувачи на здравиот живот, лекари специјалисти, членови на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите. На љубителите на пешачењето им се придружи и градоначалникот Љупчо Папазов. За прошетката од Градскиот плоштад до Гоцева Шума се користеше земјената пешачка патека од десната страна на коритото на Кочанска Река.

На локалитетот Гоцева Шума извидниците презентираа дел од нивните вештини, вежби за тимска работа и за однесување и ориентација во природата.

Активноста чија цел е да ја промовира физичката активност како значаен фактор за добро здравје е дел од Локалниот акциски план за еднакви можности на жените и мажите на Општина Кочани за 2022 година.