ПЛОЧНИКОТ РАСЧИСТЕН, ОСТАНУВА УШТЕ ФУГИРАЊЕ И ЗАМЕНА НА ОШТЕТЕНИТЕ МЕРМЕРНИ ПЛОЧИ

ноември 6, 2024
0 min read

Апелот што го упатија жителите од ламела „А“ од Градскиот Трговски Центар, денес ги даде посакуваните резултати.

Од почетокот на работното време мобилна екипа од Општина Кочани пристапи за отстранување на тревата што се беше појавила помеѓу мермерните плочи, како и во жардинјерите. Од „редовно“ чистење и одржување на овие површини сликата на овој дел во трговскиот центар изгледаше грдо.

За да сега биде комплетно сликата подобрено останува уште да се заменат неколкуте скршени мермерни плочи и да фугира делот меѓу мермерните плочи за да и оние станари кои имаат во подрумските простории гаражи а некои и деловен простор да не бидат повеќе поплавувани по дождовите.

Кога се сака, се сé може, само што некој мора постојано да потсетува.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ