ПОЧИТ КОН РЕВОЛУЦИОНЕРИТЕ ЗА ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКАТА БОРБА

октомври 23, 2021
0 минути

По повод 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба, неколку општински делегации положија свежо цвеќе на Споменикот на слободата во Кочани.

Во празничната честитка, градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев истакнува дека основањето на Македонската револуционерна организација означува почеток на организираната борба на македонскиот народ за стекнување сопствена, независна држава Македонија.

„Овој датум е повод да им оддадеме почит на сите што низ вековите се бореа и го дадоа својот живот за слободата на македонскиот народ. Во визијата што обедини граѓани од различни социјални слоеви, со различна верска и етничка припадност е борбата за политичка и социјална слобода за Македонија. Денот на македонската револуционерна борба нека го буди слободарскиот дух во секого од нас“ се вели во честитката од Илијев.

Општина  Кочани