Денес во салата на катот во Мултикултурниот Центар во Кочани во присуство на љубители на убаво напишаниот збор беше промовирана книгата „Идентитетот е приказна“ чиј автор е Иван Антоновски.
Книгата е објавена по повод 70 години од раѓањето на големиот драмски автор и есеист Горан Стефановски.
Промотор на книгата „Идентитетот е приказна“ беше проф. д-р Весна Мојсова – Чепишевска.
Инаку промоцијата на книгата е како дел од програмата на годинешниот „Саем на книгата“ кој по шеснаесетти пат се организира во ЈОУ Библиотека „Искра“ од Кочани.
С. Ивановски