Во просториите на ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани, во присуство на најблиските од семејството Симеонови (двете ќерки и двете внуки), денес беше промовирана книгата „Благој Симеонов Кравче“.
Книгата претставува кратка биографика за Благој Симеонов Кравче, човек кој остави еден траен белег во кочанското живеење.
Инаку автор на книгата е Киро Герасимов а рецензент Љупка Стојменова.
Стојменова во своето обраќање пред присутните зборуваше за животниот пат на Симеонов, неговото детство, образование и работен век.
Книгата е на 82 страници и истата освен податоци од животот на Симеонов содржи и многу голем број на семејни фотографии како и фотографии на кои се поставени големиот број признанија што ги има добиено.
Книгата е со тираж од 200 примероци
С. Ивановски