Шеснаесет шахисти одиграа седум кола по Швајцарски систем на натпреварување на првиот Меморијален шаховски турнир „Тодор Милосиев – Тошо“ кој Шаховски Клуб „Кочани“ го организираше во знак на Кочанската шаховска легенда Тодор Милосиев – Тошо.
По доста интересни партии на шахистите од различни генерации најуспешен а воедно и победник на турнирот е Гоце Горгиев, а веднаш по него следуваат Гоце Стојчев и Митко Петрушев.
Првопласираните тројца од организаторот на турнирот добија пехари, додека парични награди им беа врачени на Матеј Диванисов како најмлад учесник на турнирот и на Јована Давиткова како единствено девојче учесник на турнирот.
Наградите на најуспешните им ги врачи Марија Георгиева ќерка на Тодор Милосиев – Тошо.
Првиот Меморијален шаховски турнир „Тодор Милосиев – Тошо“ одлично го организираше шаховскиот Клуб „Кочани“ – Кочани, а покровител на истиот беше Општина Кочани.
Се очекува овој турнир да стане традиционален.
С. Ивановски
Благодарност до колегите од Гласно.мк за отстапените фотографии