РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА САЛАТА ВО НУЦК „БЕЛИ МУГРИ“ – КОЧАНИ ТРЕБА ДА ЗАВРШИ ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА

ноември 7, 2022
1 min read

Преку програмите за изградба на нови објекти и реконструкција, санација и адаптација на нови објекти на Министерството за култура досега се инвестирани над 26 милиони денари за реконструкција на Центарот за култура во Кочани.

Реконструкцијата на објектот на НУ ЦК „Бели Мугри“ во Кочани е започната во 2018 година со изведба на фазата за реконструкција на кровот, реконструкција на фасада и промена на фасадна столарија. Со реализацијата на оваа фаза извршена е комплетна изведба на енергетски ефикасна фасада и изолација на објектот.

Продолжи во 2021 година кога беше започната реконструкцијата на гледалиштето во внатрешноста на објектот, оваа фаза се реализираше во текот на 2021 година со средства во износ над 3 милиони денари.

„Согласно планот за реконструкција за оваа година предвидени се 16 милиони денари, а заклучно со октомври месец реализирани се над 8 и пол милиони денари, а во тек е реализација на уште еден договор кој се однесува на набавка и монтажа на седишта во гледалиштето кој е во вредност над 7 милиони денари и кој се очекува до крајот на годинава да биде реализиран целосно“, вели министерката за култура.

Нам како Влада приоритет ни е сите културни центри во континуитет да се реконструираат кои со години биле запоставени, а со тоа ќе се подобри работата на културните работници и ќе се збогати културниот живот на граѓаните.

НУЦК „Бели Мугри“ – Кочани