РЕКРЕАТИВЦИ ЗАГРИЖЕНИ ЗА СЕЧЕЊЕТО НА ШУМАТА

април 8, 2022
0 минути

Во текот на вчерашниот и денешниот ден од совесни граѓани (рекреативци) добивме неколку телефонски јавувања за сечење на шума со моторни пили на ридовите спроти „Бавчалук“ односно на местата кои во летниот период беа опожарени.

Граѓаните што го користат овој дел од градот за рекреација слушнале дека се сечат дрва со моторни пили но и дека не можеле да видат што и како бидејќи сето тоа било во позадина на горниот дел од ридовите.

Веста ја проверивме во „Македонски шуми“ – Подружница Кочани од каде добивме појаснување дека нивни луѓе ги сечат уништените дрва од пожарот и дека по расчистувањето на теренот на тој дел е предвидено садење на нови насади.

Тревогата за незаконско сечење на шумите не излезе онаква каква што претставуваа сите оние кои ни се јавуваа, но сепак една голема благодарност до сите бидејќи покажаа дека уште помеѓу нас постојат луѓе кои се грижат за чиста животна средина.

Им благодариме за јавувањата и ги охрабруваме и понатака да се јавуваат за вакви или слични појави кои ние пак ќе ја провериме нивната веродостојност.

С. Ивановски