Ознака: борење
МАРИЈА ХРИСТОВА, ДРЖАВЕН ШАМПИОН ВО БОРЕЊЕ ВО СЕНИОРСКА КОНКУРЕНЦИЈА
Во организација на Боречката Федерација на Република Северна Македонија (БФРСМ) и техничка организација на БК „Бучим“ денес во спортската сала „25-ти Мај“ во Радовиш се одржа „Државното првенство во борење слободен стил за сениори и сениорки“. На првенството зедоа учество борачи и борачки од боречките клубови во Македонија, а БК „Спартак“ под водство на тренерскиот…
ЗЛАТО И СРЕБРО ВО ПОЕДИНЕЧНА И ТРЕТО МЕСТО ВО ЕКИПНА КОНКУРЕНЦИЈА ЗА БОРАЧИТЕ НА „СПАРТАК“
Во салата на ОУ „Коле Нехтенин“ во Штип во организација на Боречката Федерација на Република Северна Македонија и технички организатор БК „Балканец“ се одржа „Државното првенство во слободен стил за момчиња и девојчиња У-23“. Во мошне силна конкуренција борачите на „Спартак“ освоија злато во женска и сребро во машка конкуренција што со преостанатите освоени едно…
ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА БФРСМ ДЕЈАН БОГДАНОВ ГИ ПОСЕТИ БОРАЧИТЕ НА „СПАРТАК“
Дека работите во најтрофејниот клуб во Кочани, БК „Спартак“ одат во нагорна линија потврда е се поголемата масовност на тренинзите каде младите надежни борачи упорно тренираат се со цел еден ден да почнат да го враќаат стариот сјај на клубот. Добрата организација на клубот, мошне активната управа и добрите услови за работа во реновираната сала…
БОРАЧИТЕ НА „СПАРТАК“ СЕ ВРАЌААТ НА СТАРИТЕ ПАТЕКИ
Само еден месец беше потребно по именувањето на Зоран Сребренов за Претседател на БК „Спартак“ и именувањето на нов тренер и нови членови на Управниот Одбор, да почнат0 работите во клубот да одат во нагорна линија. Салата во која тренираат борачите е непрепознатлива од пред месец дена: со нови тоалети, избелени ѕидови и нова струњача…
СТОЛЕ ЕФТИМОВ ДРЖАВЕН ШАМПИОН ВО БОРЕЊЕ ДО 97 КИЛОГРАМИ
Во организација на Боречката Федерација на Македонија а со техничка поддршка на БК „Бучим“, во Радовиш се одржа Изборното Државно Првенство во борење. На првенството се појавија околу осумдесет борачи од речиси сите боречки клубови во Македонија. Некогашниот борач на БК „Спартак“ од Кочани Столе Ефтимов кој моментно настапува за екипата на „Балканец“ од Штип…
ЗОРАН СРЕБРЕНОВ НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА БК „СПАРТАК“
Изминатата седмица најтрофејниот клуб во општината, Боречкиот Клуб „Спартак“ одржа Изборно Собрание на кое беше избран нов претседател, секретар а и други органи на клубот. За нов претседател на клубот е избран Зоран Сребренов, кој е дете на „Спартак“ а додека функцијата секретар ќе ја извршува Гоце Ангелов. Факт е дека БК „Спартак“ го живее…
ТРЕТО МЕСТО ЗА БОРАЧОТ НА „СПАРТАК“ ФИЛИП АНГЕЛОВ НА МЕМОРИЈАЛЕН ТУРНИР ВО БОРЕЊЕ
Во неделата на 22 ноември 2021 година во спортската сала на Гимназијата „Зев Љуш Марку“ во Скопје се одржа меморијалениот турнир во борење слободен стил за мажи „Ментас Алајбегу и Ајруш Синани“ во организација на БК Лирија-Скопје. Турнирот имаше меѓународен карактер на кој зедоа учество стотина борачи од Р. Косово, Р. Бугарија и од боречките…
СТОЛЕ ЕФТИМОВ ПАТНИК НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО ВО БОРЕЊЕ ЗА У-23
Како што пишува порталот ipon.mk на Светското првенство во борење за У-23 што ќе се одржи од 01 до 07 Ноември во Белград, Србија, Македонија ќе ја претставуваат тројца борачи. За Македонија ќе настапат Серхан Шакиров (74 кгр), Столе Ефтимов (92 кгр) и Реџеп Хајдари (125 кгр). Сите тројца ќе се натпреваруваат во слободен стил….
ЧЕТИРИЕСЕТ МЛАДИ БОРАЧИ НА ПОДГОТОВКИ ВО КОЧАНИ ПРЕД БАЛКАНИЈАДАТА И МЕДИТЕРАНСКИТЕ ИГРИ
По повод одржување на Балканијада за кадети U15 и Медитерански игри за кадети и јуниори што ќе се одржи во Р.Грција, Ксанти во периодот 28-31 октомври 2021година во Кочани се одржаа организирани подготовки во Градската спортска сала “Љупчо Сантов”-Кочани на 40 борачи репрезентативци кои ќе земат учество на претстојното првенство. Подготовките се реализираа со тренерите…