Ознака: фестивал
ИСТОРИСКИ НАСТАП НА „CAFE DE ANATOLIA“ НА ФЕСТИВАЛОТ „BOOMERANG“ ВО МАЛТА
Фестивалот Boomerang во Малта, кој се одржа на 31 мај, 1 и 2 јуни, се покажа како извонреден настан со историски настап на Billy Esteban и Rialians On Earth на сцената Groove Temple. Фестивалот, живописна прослава на музиката и културата, стана незаборавна прилика за основачите на Cafe De Anatolia, кои не само што постигнаа рекорден…
УШТЕ ЕДНО УСПЕШНО ИЗДАНИЕ НА „САКУРА ФЕСТИВАЛ“
Во сабота 1 jуни во младинскиот културен центар се одржа третото издние на фестивалот на јапонска култура Сакура. И покрај повеќето интересни настани кои се случуваа тој ден ни Скопје, посетеноста беше доста голема. Фестивалот се одвиваше на повеќе сцени и вклучуваше изложби, боречки вештини, балетски перформанс, пијано концерт, гејминг натпревари, мода, штандови за продажба…
ОДРЖАН ДЕТСКИ ПОЕТСКИ ФЕСТИВАЛ „МАЈСКИ ЦВЕТ“
Традицијата продолжува, 49. Детски поетски фестивал ,,Мајски цвет” на кој учесниците твореа на тема ,,Мојот роден крај”. На фестивалот учествуваа 22 учесници во категорија од 6-9 одд. од Кочани, Општина Зрновци, Општина Чешиново-Облешево, Виница, Куманово, Св. Николе и Пробиштип. Песните беа разгледани и отценети од тричлена жири комисија: Ленче Стоименова-роднокрајна писателка, поетеса, афористичар, Аника Илијевска…
УТРЕ (САБОТА) – ФЕСТИВАЛ НА ЈАПОНСКАТА КУЛТУРА ВО МКЦ
На 1 јуни, сабота во Младинскиот културен центар ќе се одржи фестивалот за јапонска култура Сакура фестивал – како македонски заедничка прослава на културата инспирирана од Јапонија и по повод 30 годишнината на македонско-јапонските дипломатски односи. Фестивалот започнува во 11 часот со свечено отварање на кое пригиден говор ќе одржат Амбасадорот на Јапонија Оцука Казуја…
ЗАПОЧНА ФЕСТИВАЛОТ ЗА ДЕЦАТА, КНИГИТЕ И МУЗИКАТА „ДРУГАРУВАЊЕТО СО КНИГИТЕ НИ Е ПЕСНА“
Посебна радост на Денот на книжевноста за деца, што на отворањето на Фестивалот на децата, книгите и музиката во Библиотека „Искра“ ја претставив „Другарче“ од Питер Колвајк, во издание на „Антолог“ – Книжевен центар. Затоа што оваа книга за деца и за возрасни ќе поттикне да размислиме колку вистински ја остваруваме сопствената животна мисија. Затоа…
ТРЕТО МЕСТО ЗА ПРОЕКТОТ НА ООУ „КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ – ОБЛЕШЕВО И СОУ „ЉУПЧО САНТОВ“ – КОЧАНИ НА НАУЧНИОТ ФЕСТИВАЛ ВО ТЕТОВО
ООУ Климент Охридски -Облешево во соработка со СОУ Љупчо Сантов –Кочани, На 18-11 2023г. учествуваа во Тетово ,Р.Македонија, на Science on Stage North Macedonia и STEMLab , Научниот фестивал „Science on Stage Festival – North Macedonia“, каде наставниците ги претставија своите иновативни проекти од областа на STEM образованието. Третото место го освоија Борче Алексов професор…
КОЧАНИ БЕШЕ ДОМАЌИН НА 52. ДРЖАВЕН ФЕСТИВАЛ НА АМАТЕРСКИ ФИЛМ НА МАКЕДОНИЈА
Во организација на Кино сојузот на Македонија и Народна техника на Македонија, во петокот, во салата на Мултикултурниот центар во Кочани се одржа 52. Државен фестивал на аматерски филм на Македонија. Златна плакета во категоријата документарен филм и Златна плакета за монтажа доби филмот „Трпејца“ на авторот Томе Љушев од Охрид; Златна плакета за краток…
ВО БЕЛГАРД ОДРЖАН ФЕСТИВАЛОТ ЗА ХУМОР И САТИРА „САТИРА ФЕСТ 2023“
Во организација на Белградски афористички круг во Белград (Република Србија) се одржа 21. издание на меѓународниот фестивал за хумор и сатира „Сатира фест 2023“. На фестивалот учествуваа голем број учесници од сите републики на некогашна Југославија а Македонија ја претставија: Јане Атанасов, Миле Ѓорѓијоски, Ацо Ѓорѓиев, Атанас Кралевски и Димитар Илиев – Вилазорски. Наградата „Весна…
КОЧАНИ ДОМАЌИН НА 52. ДРЖАВЕН ФЕСТИФАЛ НА АМАТЕРСКИ ФИЛМ НА МАКЕДОНИЈА
В петок, на 20 октомври, со почеток во 19 ч., во салата на Мултикултурниот центар во Кочани ќе се одржи 52. Државен фестивал на аматерски филм на Македонија. Во организација на Кино сојузот на Македонија и Народна техника на Македонија пред кочанската публика ќе бидат прикажани аматерски филмови изработени на конкурсот за 52. ДФНФ во…
НА ПОНИКВА СЕ ОДРЖА 16. МЕЃУНАРОДЕН ВЛАШКИ ЕТНОФЕСТИВАЛ „ЗА ПЕТРОВДЕН СИТЕ НА ПЛАНИНА“
Во организација на влашката пејачка група „Грамостеањ“ од Скопје, а со поддршка од Општина Кочани, на Пониква, на Осоговските Планини се одржа 16. Меѓународен влашки етнофестивал „За Петровден сите на планина“. Во програмскиот дел настапија стотина учесници од домашни фолклорни групи и друштва, а имаше и гости од Романија кои се претставија со влашки песни…
- 1
- 2