Ознака: фк осогово

ШЕФОТ  НА  СТРУЧНИОТ  ШТАБ  НА  „ОСОГОВО“  ЕФТИМ  АКСЕНТИЕВ  СИ  ПОДНЕСЕ  НЕОТПОВИКЛИВА  ОСТАВКА

ШЕФОТ НА СТРУЧНИОТ ШТАБ НА „ОСОГОВО“ ЕФТИМ АКСЕНТИЕВ СИ ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА

Само пет дена по почетокот на подготовките за Втората Фудбалска Лига, Шефот на стручниот штаб на „Осогово“ Ефтим Аксентиев си поднесе неотповиклива оставка. На прес конференцијата што ја одржа денес Аксентиев како причина за поднесената оставка акцентот го става лошите услови за работа на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани. „Денес одлучив и еве јавно изјавувам…

„ОСОГОВО“  СТАРТУВАШЕ  СО  ПОДГОТОВКИТЕ  ЗА  НАСТАПИТЕ  ВО  ВТОРАТА  ФУДБАЛСКА  ЛИГА

„ОСОГОВО“ СТАРТУВАШЕ СО ПОДГОТОВКИТЕ ЗА НАСТАПИТЕ ВО ВТОРАТА ФУДБАЛСКА ЛИГА

Денес и официјално „Осогово“ ги започна подготовките за настапите што го очекуваат во Втората Фудбалска Лига која според најавите ќе започне на 12 Август. На теренот на стадионот „Никола Мантов“ на првата прозивка истрчаа 18 играчи, од кои поголемиот број од тимот кој настапуваше во Трета Фудбалска Лига – Исток, повратници во екипата како и…

НАМЕСТО  ПОЧЕТОК  НА  ПОДГОТОВКИТЕ,  ДЕНЕС  НА  СТАДИОНОТ  „НИКОЛА  МАНТОВ“  БЕШЕ  ТИВКО

НАМЕСТО ПОЧЕТОК НА ПОДГОТОВКИТЕ, ДЕНЕС НА СТАДИОНОТ „НИКОЛА МАНТОВ“ БЕШЕ ТИВКО

Ништо од најавите дека денес Среда (среќно) ќе биде прозивката и дека и официјално ќе започнат подготовките на „Осогово“ за настапот во втората Фудбалска Лига. Наместо играчи, тренери, управа, медиуми и по некој загржен навивач на кочанскиот второлигаш, празен терен празни трибини. Единствено нешто што денес можеше да се слушне на стадионот „Никола Мантов“ беа…

ВО  ГОДИНА  НА  ЕДЕН  ВЕК  ПОСТОЕЊЕ,  „ОСОГОВО“  МОРА  ДА  ИГРА  ВО  ВТОРАТА  ФУДБАЛСКА  ЛИГА!!!

ВО ГОДИНА НА ЕДЕН ВЕК ПОСТОЕЊЕ, „ОСОГОВО“ МОРА ДА ИГРА ВО ВТОРАТА ФУДБАЛСКА ЛИГА!!!

По само една година по испаѓањето од второлигашкото друштво еден од спортските симболи на Кочани, „Осогово“ експресно се врати во второто по ранг фудбалско натпреварување во Македонија. Рака на срце „Осоово“ не го помина баражот но среќата му се насмевна во извлекувањето на тоа кои две од трите екипи ќе бидат второлигаши и во време…

„ОСОГОВО“  И  „НОВАЦИ“  СЕ  НОВИТЕ  ВТОРОЛИГАШИ

„ОСОГОВО“ И „НОВАЦИ“ СЕ НОВИТЕ ВТОРОЛИГАШИ

Среќна беше раката на Претседателот на ОФС Кочани Александар Андов,  денес попладне при извлекувањето на имињата на преостанатите две екипи кои од следното првенство ќе играат во единствената Втора Фудбалска Лига. Иако „Осогово“ беше шампион во Трета Фудбалска Лига – Исток поради чудните одлуки на бирократијата од ФФМ мораше да играат бараш како и преостанатите…

„ОСОГОВО“  КАКО  ИЗДИШНАТ  БАЛОН

„ОСОГОВО“ КАКО ИЗДИШНАТ БАЛОН

„Осогово“ го загуби бараж натпреварот против „Тетекс“ за влез во Втора Фудбалска Лига и сега сите очи се насочени кон жрепката во Вторник во 17:00 часот кога среќата ќе одлучи кои две екипи од трите екипи што денес загубија ќе бидат членови на Втората Фудбалска Лига. Но тоа е веќе среќа, шансите се 33%. Инаку…

КОЈ  ГО  НАМЕСТИ  „ОСОГОВО“  ДА  ИГРА  ВО  МАЏАРИ?

КОЈ ГО НАМЕСТИ „ОСОГОВО“ ДА ИГРА ВО МАЏАРИ?

Вчера се извлекоа двојките за трите бараж натпревари за влез во Втора Фудбалска Лига. Во бараж натпреварите се вклучени (замислете) петте прваци во петте региони и екипата на „Тетекс“ која на чуден начин се најде во баражот. Но тоа е минато и нема поправен дали и во другите земји прваците (кои цела година играле за…

СО  САМО  ДВАНАЕСЕТ  ИГРАЧИ  НА  ТРЕНИНГ  ТЕШКО  ДА  СЕ  ПОМИНЕ  БАРАЖОТ

СО САМО ДВАНАЕСЕТ ИГРАЧИ НА ТРЕНИНГ ТЕШКО ДА СЕ ПОМИНЕ БАРАЖОТ

Иако до почетокот на бараж натпреварите во кои ќе учествува и „Осогово“ како првак во Трета Фудбалска Лига – исток остануваат уште пет дена состојбата во „Осогово“ која е присутна  веќе месец дена останува непроменета. Ако по обезбедувањето на првото место Шефот на стручниот штаб Ефтим Аксентиев мораше да ги поминува тренинзите со 6 до…

ТРЕТА  ФУДБАЛСКА  ЛИГА  –  ИСТОК,  ТОШЕ  МАНОВ  ПРВ  СТРЕЛЕЦ  СО  32  ПОСТИГНАТИ  ПОГОДОКА

ТРЕТА ФУДБАЛСКА ЛИГА – ИСТОК, ТОШЕ МАНОВ ПРВ СТРЕЛЕЦ СО 32 ПОСТИГНАТИ ПОГОДОКА

Некои ги менуваат навиките, но центарфорот на „Осогово“ Тоше Манов кој седма година по ред ги брани боите на „жолто-сините“ тешко. За него навиката да биде најдобар стрелец во шампионатите останува. И годинава нашиот Тоше со 32 погодока стана прв стрелец во Трета Фудбалска Лига – Исток. Скептиците сигурно ќе бараат повторно „влакно во јајцето“…

ТРЕТА  ФУДБАЛСКА  ЛИГА  –  ИСТОК,  ВО  КОЧАНИ  ПРОМОЦИЈА  НА  ШАМПИОНОТ

ТРЕТА ФУДБАЛСКА ЛИГА – ИСТОК, ВО КОЧАНИ ПРОМОЦИЈА НА ШАМПИОНОТ

Се одиграа натпреварите од 22-то, последно коло во Трета Фудбалска Лига – Исток. Во Кочани шампионот „Осогово“ ја пречека екипата на „Тиверија“ и со победа го прослави освојувањето на првото место. Пред почетокот на натпреварот Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов од името Општински Фудбалски Сојуз – Кочани на капитенот на „Осогово“ Тоше Манов му…