Ознака: фк осогово
ВО ПРВАТА СЕДМИЦА ОД МЕСЕЦ ЈУЛИ „ОСОГОВО“ ЌЕ СТАРТУВА СО ПОДГОТОВКИТЕ
Како што дознаваме кочанскиот второлигаш „Осогово“ во првата седмица од месец Јули ќе ги започне подготовките за претстојното првенство во втората лига кое што треба да стартува на 10-ти Август. Според челните луѓе на „Осогово“ планирано е да се задржи составот кој настапуваше во пролетниот дел од првенството со најмалку три засилувања во сите линии…
МУ СЕ ДОПАЃАЛО НЕКОМУ ИЛИ НЕ, „ОСОГОВО“ ОСТАНА ВО ВТОРАТА ЛИГА
Му се допаѓало некому или не, „Осогово“ и во следното првенство ќе игра во второлигашкото друштво. Она што вистинските љубители на фудбалот во градот го посакуваа а особено верните навивачи на „Осогово“ се реализираше. Во последното коло „Осогово“ на радост на таа армија навивачи а за жал на одредени поединци или мала група скептици го…
ПО ПОБЕДАТА НАД „ПЕЛИСТЕР“ ВО ПОСЛЕДНОТО КОЛО, „ОСОГОВО“ ГО СОЧУВА ВТОРОЛИГАШКИОТ СТАТУС
На радост на многубројните навивачи на „Осогово“ а за жал на некои поединци или помали групи кои постојано црно гледаа кон Кочанскиот второлигаш, „Осогово“ и следното првенство ќе игра во Втоа Фудбалска Лига. Со една машка а преди се ефикасна игра „Осогово“ денес во последното коло од ова првенство ја совладаа мошне добрата екипа на…
ВО НЕДЕЛА СИТЕ НА СТАДИОН „ОСОГОВО“ ГО ИГРА НАТПРЕВАРОТ НА СЕЗОНАТА
Во Недела со почеток во 17:00 часот во последното коло од Втора Фудбалска Лига, „Осогово“ го игра натпреварот на сезоната против новиот прволигаш „Пелистер“ од Битола. Само победа за „Осогово“ ќе значи зачувување на второлигашкиот статус. Од „Осогово“ упатуваат апел до љубителите на фудбалот да дојдат во што поголем број и со фер и коректно…
ГОЛЕМ БОД ЗА „ОСОГОВО“ НО БОРБАТА ЗА ОПСАНОК ЌЕ СЕ РЕШАВА ВО ПОСЛЕДНОТО КОЛО
Се одиграа натпреварите од 29-тото претпоследно коло во Втора Фудбалска Лига по кое дилемата околу опстанокот во лигата ќе биде присутна се до завршувањето на натпреварите од последното коло кое на програмата е следната Сабота. Осогово“ освои голем бод во Горно Коњаре но по победите на „Каменица Саса“ и „Тетекс“ како и по поразот на…
ВТОРА ФУДБАЛСКА ЛИГА, ГОЛЕМА И ВАЖНА ПОБЕДА ЗА „ОСОГОВО“
Во натпревар од 28-то коло „Осогово“ го совлада „Скопје“ 2:1 (0:1) и стигна до голема и мошне значајна победа во зачувување на второлигашкиот статус. По облачно време проследено со ветар кој на моменти го менуваше правецот играчите од двете екипи одиграа машки натпревар во кој домаќините направија 2 во 1. Натпреварот започна со офанзива на…
СООПШТЕНИЕ ОД ФК „ОСОГОВО“ – КОЧАНИ
Почитувани, ГФК Осогово собраните средства од хуманитарниот натпревар против тимот на Караорман во износ од 15.000 денари ги уплати на сметка за лекување на Оливер Мирозов на кого му се потребни средства за терапии и медицински третмани за подобрување на комунукативноста. Осогово како спортски клуб многупати организира вакви хуманитарни натпревари .Овој викенд нашата екипа е…
„ЖЕТВАРИТЕ“ СЕ ЗАГУБИЈА ВО НЕГОТИНСКИТЕ ЛОЗЈА
Уште едно гостување, уште еден висок пораз без постигнат погодок е епилогот по денешното издание на кочанчани во Неготино. „Винарите“ си поигруваа со„жетварите“ и вистинска среќа е што само со 0:3 се враќаат од ова гостување. Ако играчите на „Вардар“ беа посмирени во некои акции, ако голманот Јованоски не одбранеше 2-3 зицери, тогаш кочанската казнета…
ВО 95 МИНУТА ЈОВАН ДОЈЧИНОВ ДОНЕСЕ ПОБЕДА ПОЛНА СО НАДЕЖ
Се играше петата минута од предвидените осум во продолжението од натпреварот „Осогово“ – „Караорман“ кога беше направен фаул над Јован Дојчинов покрај аут линијата пред резервната клупа на домаќините. Следуваше одличен центар-шут а топката сакаше да дојде до Јован Дојчинов кој од само еден метар ја уфрли во небранетиот дел од мрежата на немоќниот Истрефи…
„ОСОГОВО“ И ВО ГЕВГЕЛИЈА ВОЗЕШЕ РИКВЕРЦ
Уште од едно гостување „Осогово“ се врати со празни раце и без постигнат погодок. „Жолто-сините“ во 25-тото коло претрпеа нов пораз, овој пат во Гевгелија од традиционално незгодниот „Кожуф“, а згора на се и Стојче Стојов еден од подобрите играчи на кочанчани во пролетниот дел од првенството си заработи црвен картон. Дека работите не одат…