Ознака: гтц

ГРАДСКИ ТРГОВСКИ ЦЕНТАР – ДЕНЕС
Фотографии направени пред малку на платото пред блокот „А“ во Градскиот Трговски Центар во Кочани. Можеби сопственикот на магарето слушнал дека фонтаната е вон употреба подолг период па го врзал магарето и го оставил да пасе а тој си заминал да си ги заврши денешните обврски. Интересно, нема што. С. Ивановски

ОТСТРАНЕТ ПРОБЛЕМАТИЧНИОТ КАБЕЛ
Неполни 24 часа по нашата објава дека кабел има надвиснато кај платото на блокот „А“ во Градскиот Трговски Центар веднаш реагираа од Локалната самоуправа и истиот денес беше отстранет. Уште во текот на вчерашниот ден кога беше поставена објавата на нашиот портал од Локалната самоуправа контактирале со оние кои имаат и кои имале кабелски телевизии…

ВО ЧИЈА НАДЛЕЖНОСТ Е КАБЕЛОТ?
Подолго време во еден од најфреквентните места во градот стои речиси паднат кабел кој особено во ноќните часови е проблем за минувачите. Иако надлежните се информирани сепак никој уште не дошол и местото не го направил безбедно. Од сопствениците на дуќаните дознаваме дека тие неколкупати досега се обиделе да го подигнат за да не смета…

КАМИОН НАТОВАРЕН СО ГАЈБА ПИЈАЛАЦИ НА ПЛАТОТО ПРЕД БЛОКОТ „А“ ВО ТРГОВСКИОТ ЦЕНТАР
Се додека нешто не видиме не можеме да веруваме само на кажаното, но овој пат оваа фотографија кажува се. Направена е утринава во 08:15 часот на платото во Трговскиот Центар во блок „А“ веднаш спроти обложувалницата „Златна копачка“. На фотографијата јасно се не гледа неморалното однесување на поединци. Се гледа како го паркирал малиот камион…

ДА ДОЈДЕ СОПСТВЕНИКОТ И ДА СИ ГИ ПРИБЕРЕ КАБЛИТЕ
Нашиот читател што ни ги испрати трите фотографии во пораката има допишано: „Нека дојде сопственикот веднаш и нека си ги прибере каблите бидејќи утре може да биде доцна“. Инаку фотографиите се направени во Градскиот Трговски Центар во блокот „Б“ во пролазот кој води до скалите кај големиот паркинг. Ние само би се надоврзале на пораката…