Ознака: протест
ОДРЖАН ПРОТЕСТ ПРОТИВ ЧАДЕЊЕТО НА ДЕПОНИЈАТА И ЗАГАДУВАЊЕТО НА ВОЗДУХОТ
Поголема група жители на Кочани и околните места денес излегоа на мирен протест кој имаше за цел да се сврте вниманието на надлежните поради енормното испуштање чад од Градската депонија и поради загадувањето на воздухот. Пред присутните зборуваше Марио Паунов граѓански активист од Кочани и главен иницијатор за одржувањето на овој протест Во своето обраќање…
ВО СРЕДА, ПРОТЕСТ ПРОТИВ ЕНОРМНОТО ЗАГАДУВАЊЕ ОД ДЕПОНИЈАТА ШТО ГОРИ
Градската депонија кај село Бели со месеци гори, Кочанчани дишаат екстремно загаден воздух збогатен со канцерогени честички. Ова претставува голема опасност по здравјето на сите што живеат во Кочанската котлина и пошироко. Ги повикуваме сите засегнати граѓани да ни се придружат во битката за чист воздух, за чиста и здрава животна околина, за нашите деца…
МИРЕН ПРОТЕСТ НА СТОПАНСТВЕНИЦИТЕ ПОРАДИ ПУШТАЊЕТО НА СООБРАЌАЈОТ НА УЛЦАТА „ДИМИТАР ВЛАХОВ“ ВО ДВЕ НАСОКИ
Од понеделникот делот од кружниот тек на улицата „Димитар Влахов“ каде таа се спојува со улицата „Стево Теодосиевски“ па се до кружниот тек кај „Велјан“ сообраќајот се одвива во двете насоки. Токму пуштањето на сообраќајот во двете насоки на овој дел од градот беше причината денес претставници од приватните фирми да излезат на мирен протест…
ВРАБОТЕНИТЕ ОД УЈП ИЗЛЕГОА НА ПРОТЕСТ
Поради незадоволството од неостварувањето на правото на зголемување на платите на вработените во УЈП за 30% денес вработените од УЈП – Кочани во периодот од 10:00 – 11:30 часот излегоа на предупредувачки протест. Протестот го образложија како почеток до остварување на нивните права, односно зголемување на платите за 30%, согласно член 66 од Законот за…
ОРИЗОПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ БАРААТ МИНИМАЛНА ОТКУПНА ЦЕНА ОД 40 ДЕНАРИ ЗА АРПАТА
Земјоделците од кочанскиот и штипскиот регион кои произведуваат ориз, денеска го блокираа магистралниот патен правец Кочани – Штип протестирајќи против ниските откупни цени на арпата и високите трошоци за производство. На пунктови кај селата Облешево, Чифлик, Чешиново и Крупиште тие излегоа со трактори и земјоделска механизација, најавија дека блокадата ќе трае во наредните денови, додека…
ПРОТЕСТ ПОРАДИ ТРИ МЕСЕЦИ ДОЦНЕЊЕ НА ПЛАТИТЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ВОДОСТОПАНСКАТА ПОДРУЖНИЦА „БРЕГАЛНИЦА“
Трите не земани плати беа причината утрово пред зградата на Водостопанство „Брегалница“ во Кочани спонтано да излезат вработените и да го искажат својот револт. „Главната причина е што досега не ни се исплатени две плати, а веќе од утре влегуваме во третиот месец како немаме земено плата. Ние сме Акционерско друштво на ниво на Македонија…
ПРОТЕСТ – ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ВО АТАРОТ НА БАЊА И ТРКАЊЕ, БАРААТ ПРИСТАП ДО НИВИТЕ ПО ИЗГРАДБАТА НА ЕКСПРЕСНИОТ ПАТ
Протест поради одземениот сообраќаен пристап до нивите по изградбата на ескпресниот пат Штип – Кочани денеска организираа сопственици на земјоделско земјиште во атарот на кочанските села Тркање и Бања. Дополнителен проблем е отежнатиот влез во селото Тркање, па возилата ќе мораат да обиколуваат неколку километри за да можат да се приклучат на експресната коловозна лента….
ПРЕДУПРЕДУВАЧКИ ПРОТЕСТ НА ЖИТЕЛИТЕ ОД СЕЛО БЕЛИ ПРЕД КЈП „ВОДОВОД“
Дел од жителите на селото Бели денес се собраа пред управната зграда на КЈП „Водовод“ за да уште еднаш го искажат своето незадоволство за континуираното чадење на депонијата. Дарко Арсов, жител на селото Бели изтакна: „Ова е предупредувачки собир затоа што имаме сериозен проблем, а никој не презема ништо за негово решавање. Депонијата чади повеќе…
„КОЧАНИ Е КАКО ЧЕРНОБИЛ“ – ГЕРИЛА АКЦИЈА НА КОЧАНСКИТЕ ЕКОЛОГИСТИ
Кочански екологисти, членови на Иницијативата за чист воздух во Кочани денес спроведоа герила акција пред Локалната самоуправа на Кочани, за да го искажат незадоволството на граѓаните на Кочани поради повторното чадење на Градската депонија над Кочани. Пред зградата на Локалната самоуправа тие поставија инсталација од црни стебла од сончоглед и рентгенски снимки од оштетени органи…
ГРАЃАНСКАТА ИНИЦИЈАТИВА „ЗА ЧИСТ ВОЗДХ ВО КОЧАНИ“ НА ПРОТЕСТ ПРЕД ДРЖАВНИОТ ИНСПЕКТОРАТ ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНА СРЕДИНА
Под мотото „Кочанска скара на сончогледови пелети“ членови на Граѓанската иницијатива „За чист воздух во Кочани“ се собраа денес пред Државниот инспекторат за заштита на животна средина за да го искажат незадоволството на кочанчани поради континуираното загадување на воздухот од страна на „Пајпер мил“. Компанијата „Пајпер мил“ кои кочанчани оправдано ја прекрстија во „Пајпер кил“…
- 1
- 2