Ознака: водовод
НАЗНАЧЕН НОВ В.Д. ДИРЕКТОР НА КЈП „ВОДОВОД“ – КОЧАНИ
Денеска во просториите на КЈП „Водовод“ и во присуство на градоначалникот Љупчо Папазов беше извршено примопредавање на раководната позиција директор на КЈП „Водовод“. За новоназначен в.д. директор од денеска е Антонио Паунов, којшто доаѓа на местото на досегашниот в.д. директор Иван Иванов. На денешната средба и разговор, поранешниот директор на новоназначениот ги претстави проблемите со…
АНТОНИО ПАУНОВ НОВ ДИРЕКТОР НА КЈП „ВОДОВОД“ – КОЧАНИ
По оставката на Иван Иванов од местото директор на КЈП „Водовод“ – Кочани на синоќешната седница на ОК ВМРО ДПМНЕ – Кочани одлучено е да за нов директор на КЈП „Водовод“ – Кочани се именува Антонио Паунов. Според првите информации се работи за наш сограѓанин по професија машински инженер со завршени Шефилд студии во Солун….
РЕКОНСТРУИРАНИОТ ГЛАВЕН ПОТИСЕН ЦЕВКОВОД ПУШТЕН ВО УПОТРЕБА
Денес и официјално во употреба беше пуштен реконструираниот главен потисен цевковод кој е дел од водосистемот на КЈП „Водовод“ – Кочани и е во должина од 2,2 километри со вредност од 44,5 милиони денари а е лоциран во Бунарскиот систем на КЈП „Водовод“ во „Грдовски орман“. На чинот на свеченото пуштање во употреба освен Градоначалникот…
ИЗВРШЕНО ПРЕСПОЈУВАЊЕ НА ПРВИОТ РЕКОНСТРУИРАН ДЕЛ НА ГЛАВНИОТ ЦЕВКОВОД
По вчерашниот повеќечасовен прекин на водоснабдувањето низ територијата на целата општина, извршено е преспојување на првиот реконструиран дел на главниот цевковод во близина на бунарскиот систем кај главната пумпна станица ,,Грдовски орман“. Извршената замена на главниот потисен цевковод опфаќа реконструкција од Грдовски орман до Клучка 1, во должина од 2.200 метри. Реализацијата на овој проект…
ПРЕД 11 ГОДИНИ ДУБЛЕТ СИСТЕМОТ НА „ГЕОТЕРМА’ ПУШТЕН ВО УПОТРЕБА
Никогаш не е на одмет да се потсетиме на она што убаво и се случуваше на нашата општина. Изградбата на капиталните објекти можат да се избројат на прсти па затоа задоволство е да се напише збор два за направеното се во корист на граѓаните во општината. Еден од таквите капитални објекти кој пред единаесет години…
РАБОТЕН СОСТАНОК ОД ОБЛАСТА ИСКОРИСТУВАЊЕ НА ГЕОТЕРМАЛНИ РЕСУРСИ СО КОИ РАСПОЛАГА ОПШТИНА КОЧАНИ
Денеска во просториите на Геотермалниот систем „Геотерма“ во с. Долни Подлог, беше остварена работна средба со градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов и претставникот на Делегацијата на Европската Унија во Република С. Македонија, г-дин Давиде Биксио, програмски офицер за проекти од областа на инфраструктурата посветени на климатските промени, животната средина и природните ресурси. Најпрвин беше…
ИВАН ИВАНОВ ИМЕНУВАН ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА ДАВАТАЕЛИ НА КОМУНАЛНИ УСЛУГИ
Иван Иванов кој во моментот ја извршува функцијата в.д. директор на КЈП „Водовод“ од Кочани е избран за претседател на УО на Здружението на даватели на комунални услуги на Република Македонија (АДКОМ). Иванов едногласно беше избран од страна на петнаесетте претставници на комуналните претпријатија во Република Северна Македонија,. АДКОМ е невладина и непрофитна организација, во…
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МАШИНА „МУЛЧЕР“ – ДРОБАЛКА ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ОРГАНСКО ЃУБРЕ
Поради зголемената потреба од кастрење на гранки во овој период од годината, одделението „Градско зеленило“ при КЈП „Водовод“ – Кочани со своите вработени изврши кастрење на гранки на повеќегодишни дрвја на повеќе локации во градот, се со цел продолжување на животниот век на истите. Деновите во функција на употреба беше пуштена нова машина Мулчер –…
ИВАН ИВАНОВ – НОВ ДИРЕКТОР НА КЈП „ВОДОВОД – КОЧАНИ
Од денеска Иван Иванов е новиот в.д. директор на Комуналното јавно претпријатие „Водовод“ – Кочани. Иванов доаѓа на местото на досегашниот директор Андреј Киров. Во присуство на градоначалникот Љупчо Папазов утрово беше извршено примопредавање на раководната позиција. „Денес е прв ден од моето назначување за вршител на должност за раководител на КЈП „Водовод“ – Кочани….
ПОЧНА ИСПОРАКАТА НА ПОТРЕБНИТЕ МАТЕРИЈАЛИ ЗА ИЗВЕДБА НА ПОТИСНИОТ ЦЕВКОВОД
Општина Кочани ќе ги инвестира добиените 44,5 милиони денари од државниот буџет за реконструкција на главниот потисен цевковод за водоводната мрежа во градот и дел од населените места. Финансиската помош ја додели Владата по пренамената на средствата за изградба на карго аеродромот кај Штип, а локалната самоуправа на Кочани наскоро ќе ја почне постапката за реализација на…