Се одиграа натпреварите од 18-тото коло во Трета Фудбалска Лига – исток. Четири победи за домаќините и само еден бод за гостите е билансот на петте одиграни средби.
Екипата на „Осогово“ гостуваше во Пробиштип каде го доживеа првиот пораз во годинешниот шампионат. „Рударите“ иако губеа на полувремето со 0:1 во едно содржајно и преди се ефикасно второ полувреме го торпедираа лидерот на табелата и заслужено дојдоа до три бода. Стрелец за „Осогово“ беше Тоше Манов во 41’ од пенал, а додека головите за домаќините ги постигнаа Марио Атанасовски во 54’ и 75’ и Адријан Георгиевски во 67’.
По поразот во минатото коло во Кочани екипата на „Овче Поле“ и се врати на победите. Овчепочци во еден тврд натпревар ја совладаа мошне добра екипа на „Вардарски“.
Во Чешиново се одигра единствениот натпревар во ова коло во кој мрежите мируваа, додека во Дојран „рибарите“ дојдоа до значајна победа против екипата на „Малеш“.
Во Делчево пак екипата на „Карбинци“ по трие изминати кола овој пат загуби и се врати во втората половина од табелата.
Резултати од 18-тото коло:
„Рудар“ – „Осогово“ 3:1
„Академија Чешиново-Облешево“ – „Тиверија“ 0:0
„Брегалница сениори“ – „Карбинци“ 2:0
„Овче Поле“ – „Вардарски“ 2:0
„Дојранско Езеро“ – „Малеш“ 2:1
Слободна во ова коло беше екипата на „Спартмани“
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ