Ова се фотографии од улицата „Кирил и Методиј“ направени зад „Општа Болница“ Кочани.
Тротоари има но како да се користат кога се обраснати со трева па минувачите меѓу кои и дечиња мора да се движат по самата улица по која постојано поминуваат возила.
Жителите ни кажаа дека овде одамна нема поминато ниту една од екипите задолжена за чистење на тротоарите.
Можеби еве сега е дојдено времето по нашата објава да се сети некој и на овие наши сограѓани за да и тие имаат услови за соодветно движење по тротоарите.
С. Ивановски