УЧЕНИЦИТЕ ОД ООМУ „РИСТО ЈУРУКОВ“ – КОЧАНИ И НИВНИТЕ НАСТАВНИЦИ ПРОДОЛЖУВААТ СО УСПЕШНИТЕ НАСТАПИ

мај 17, 2023
1 min read

Учениците од ООМУ „Ристо Јуруков“ – Кочани со нови успешни настапи и освоени награди го одбележуваат месецот на младоста.

На Меѓународниот фестивал со натпреварувачки карактер „Сергеј Михајлов” – Штип, што се одржува во периодот од  11 до 17.05.2023 година освоија први награди како по инструментот гитара, така и по инструментот пијано.

Антонија Апостолова – по инструментот гитара, класа на наставник Зоран Христов во својата категорија беше најдобра и со освоени максимален број на бодови ја освои првата награда.

Успесите продолжија и со настапите на учениците по пијано кои освоија вкупно 11 први награди.

Младите пијанисти: Јана Филипова, Андреа Димитрова, Михаил Стаменков, Теодора Захариева (класен наставник Елизабета Ѓеорѓиева), Ана Пејчева, Вера Веселинова, Милана Стаменкова (класен наставник Драгана Карова Ангелова), Јован Цветанов (класен наставник Душан Стојанов), Ева Петрова (класен наставник Стефан Стефанов), Анастасија Хаџи Паунова (класен наставник Дејан Стојанов) и Макарија Иванова (класен наставник Марија Лазарова) се носителите на првите награди.

Токму освоените први награди и многуте признанија се уште една гаранција за квалитетот што го поседува наставничкиот кадар на ООМУ „Ристо Јуруков“ – Кочани и кој знае на кој начин талентот на ученикот да го претвори во дело.

Секоја чест на сите оние што како што истакнаа на нивната страница допринесоа овие денови да бидат денови исполнети со музика и радосни моменти.

С.  Ивановски