Последни вести

СО МОПЕД ИЗЛЕТАЛ ОД ПАТОТ И СЕ ЗДОБИЛ СО ТЕШКИ ТЕЛЕСНИ ПОВРЕДИ

На 18.04.2024 во 13.00 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на ул.„Стамен Манов “ во Кочани, В.Џ.(51) од Кочани, управувајќи мопед со кочански регистарски ознаки, излетал од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општа болница Кочани. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани. Соопштение на…

ВТОРА ФУДБАЛСКА ЛИГА, ОПСТАНОКОТ ЗАВИСИ САМО ОД ИГРАЧИТЕ И СТРУЧНИОТ ШТАБ

Во Сабота со почеток во 16:00 часот се играат натпреварите од 25-тото коло во Втора Фудбалска Лига. До крајот на првенството остануваат да се одиграат уште само шест кола во кои неколку екипи стравуваат за второлигашкиот статус. Екипата на „Осогово“ е една од тие екипи кои до последното коло ќе се бори да остане во…

ВО НЕДЕЛА ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ВО БОРЕЊЕ СЛОБОДЕН СТИЛ ЗА У-15, ПИОНЕРИ И ПИОНЕРКИ

Во организација на Боречката Федерација на Македонија а со техничка организација на БК „Балканец“ од Штип во Недела (21.04.2024 година) во Спортската сала „Јордан Мијалков“ ќе се одржи годинешното Државно првенство во борење слободен стил за У-15-пионери и пионерки. БК „Спартак“ од Кочани на првенството ќе настапи со 15 натпреварувачи од кои 13 во машка…

НА МИТИНГ ВО КОЧАНИ ПРЕТСТАВЕН КАНДИДАТОТ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СДСМ СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ

Вечерва во „Паркот на Револуцијата“ Кочани се одржа митинг на кој беше претставен претседателскиот кандидат предложен од СДСМ, Стево Пендаровски. Пред своето обраќање Пендаровски ги потсети граѓаните дека од денес од денес и официјално започна парламентарната кампања за претстојните Парламентарни избори 2024. Во своето обраќање пред кочанчани, Пендаровски ги потсети што се се постигна со…

ПРВА НАГРАДА ЗА МЕГИ И ТЕА НА МЕЃУНАРОДНИОТ НАТПРЕВАР ВО КАТЕГОРИЈАТА ЏЕЗ-ПОП ИЗВЕДУВАЧИ

На петтиот Меѓународен фестивал со натпреварувачки карактер „Сергеј Михајлов“ – Штип нашата сограѓанка Меги Георгиева заедно со нејзината соученичка Теа со освоени вкупно 95 поени ја освоија првата награда во категоријата поп-џез изведувачи. Меги е ученичка во средното музичко училиште во Штип а првите музички чекори и основно музичко образование го има завршено во ООМУ…

ЕКОЛОШКА АКЦИЈА ПО ПОВОД 22 АПРИЛ – ДЕНОТ НА ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА

В сабота, 20 април, во пресрет на Светскиот ден на планетата Земја, Општина Кочани, Клубот за планинарски спортови „Осоговски орел“ и КЈП „Водовод“ организираат еколошка акција на потегот од месноста Бавчалук кон езерото Гратче. Целта на акцијата иницирана од КПС „Осоговски орел“ е да се расчисти пешачката патека и да се прибере оставениот отпад од…

МОТО КЛУБ „ЖЕЛКИ“ – КОЧАНИ ФОРМИРАШЕ НОВ СЕКТОР ЗА СПОРТ СО НАТПРЕВАРУВАЧКИ КАРАКТЕР

Во Програмата за работа на Мото Клубот „Желки“ од Кочани за 2024 година вклучен е и ново формираниот сектор за спорт во кој што се опфатени повеќе тркачки дисциплини како што се: – Супер спорт (брзински мото натпревари), – Мотокрос – Ендуро натпревари Во тековната 2024 година во Мотокрос дисциплината во класата МХ 2, Мото…

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА НА МИЛЕ ЛЕФКОВ, КАНДИДАТ ЗА ПРАТЕНИК ОД ВМРО ДПМНЕ

Миле Лефков, кандидат за пратеник од ВМРО ДПМНЕ денес одржа прес-конференција со која и официјално го најави почетокот на парламентарната кампања за претстојните Парламентарни избори 2024. Во своето обраќање Лефков истакна: дека ВМРО ДПМНЕ нуди програма и  луѓето кои носат вистински решение за решавање на напластените проблеми. С.  Ивановски КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ …

РАБОТИЛНИЦА ЗА КРЕИРАЊЕ БЕЗБЕДНИ УЧИЛИШНИ СРЕДИНИ, „БЕЗБЕДНИ УЧИЛИШТА – РАЗВИВАЊЕ НА ДОВЕРБА“

Во соработка со Општина Кочани, Здружението „Медиа плус“ од Штип ја спроведе работилницата „Безбедни училишта – развивање на доверба“, активност од проектот „Безбедноста е нашето мото“, поддржан од Амбасадата на САД. Работилницата ја водеа универзитетските професори Методи Хаџи Јанев од Воената академија „Михајло Апостолски“ и Олга Кошевалиска, деканка на Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“…

УЧЕНИЦИТЕ ОД ООМУ „РИСТО ЈУРУКОВ“ – КОЧАНИ ОСВОИЈА 26 НАГРАДИ НА МЕЃУНАРОДНИОТ ФЕСТИВАЛ „СЕРГЕЈ НИХАЈЛОВ“

На петтиот Меѓународен фестивал со натпреварувачки карактер ,,Сергеј Михајлов” Штип, ученици од нашето училиште освоија ДВАЕСЕТ И ШЕСТ НАГРАДИ од кои: 21 прва, 4 втори и 1 трета награда. Во дисциплина ТЕОРИЈА НА МУЗИКА: Бјанка Димов VI oдд. – ПРВА НАГРАДА, Јован Цветанов VI – oдд. – ПРВА НАГРАДА, Леонтија Гаврилова VIII oдд. – ПРВА…