Последни вести

ТРЕТА ФУДБАЛСКА ЛИГА -ИСТОК, ПРВА МЕЧ ТОПКА ЗА „ОСОГОВО“

Недела, 15:00 часот, термин за кога се закажани натпреварите од 17-тото коло во Трета Фудбалска Лига – Исток. Во Кочани се игра дерби натпреварот помеѓу двете првопласирани екипи. Кочанчани се со предност од 5 бодови и со евентуална победа над незгодната екипа на „Овче Поле“ и натпревар повеќе ја имаат првата меч топка за освојување…

ТРАЈЧЕ ДИМКОВ ОД ИМЕТО НА ЗДРУЖЕНИЕТО БОРАЧИ ВЕТЕРАНИ НА МАКЕДОНИЈА ДОДЕЛИ 43 ПРИЗНАНИЈА

Во текот на вчерашниот ден (Петок) во Радовиш, Здружението на борачи ветерани на Македонија одржа состанок на кој беше верификуван мандатот на претседателот избран на Собранието на Здружението Трајче Димков, а беа избрани и Потпретседател Ердиќ Ризаов, секретар Славчо Тодоров и Управен Одбор од единаесет членови. Токму одржаниот состанок беше повод за  закажување на заедничко…

„ЗДРАВЈЕ ЗА СИТЕ“ – ДЕФИЛЕ ПО ПОВОД 7. АПРИЛ, СВЕТСКИОТ ДЕН НА ЗДРАВЈЕТО

Црвен крст на Република С. Македонија – Општинска организација Кочани во рамки на ЦКА –ПХВ циклусот 2023 год. под мотото „Здравје за сите“ денеска реализираше дефиле низ кочанските улици. Претставници од основни и средни училишта и волонтерите на Црвен крст пешки со транспаренти со пораки за здравје дефилираа од Градскиот парк до Градскиот плоштад и…

КЈП „ВОДОВОД“ – ПОЛНЕЊЕ СО ПОЧВА НА НОВО ПОСТАВЕНИТЕ БЕТОНСКИ ЖАРДИНЈЕРИ

КЈП “Водовод” Кочани продолжува со активности за хортикултурното уредување на ново поставените бетонски жардињери. Одделението за градско зеленило денеска на ул.„Тодосие Паунов„ , по целата нејзина должина, на потегот од кружниот тек кај полициската станица до бензинската станица на “Лукоил” вршеше полнење на жардињерите со почва. Истовремено се уредуваат и бетонските жардињери на улица “Стево…

ОПШТИНА КОЧАНИ ГО ОДБЕЛЕЖА 8 . АПРИЛ – МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА РОМИТЕ

Општина Кочани во соработка со ромски граѓански здруженија денеска го одбележа 8 Април, Меѓународниот ден на Ромите. Во пресрет на празникот, на јарболите пред општинската зграда утрово беше кренато ромското знаме, а градоначалникот Љупчо Папазов оствари средба со претставници на ромската заедница, на која беше разговарано за политиките и надлежностите во кои треба да се…

СО ПРИГОДНА ПРОГРАМА ОООУ „МАЛИНА ПОПИВАНОВА“ ГО ОДБЕЛЕЖА ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК

Со положување на свежо цвеќе пред бистата на Малина Попиванова започна чествувањето на патрониот празник на истоименото основно училиште во Кочани. Чествувањето започна со интонирањето на химната на Република Македонија, а потоа свежо цвеќе на бистата на хероината положија делегации, од училиштето, од Локалната самоуправа и од Здружението на борците од НОВ. Во салата на…

КЈП „ВОДОВОД“ – ДИСЛОКАЦИЈА НА ПОТИСЕН ЦЕВКОВОД

Во рамките на своите предвидени и планирани работни активности, вработените во одделението за оддржување и реконструкција на водоводната  мрежа извршија оперативни активности за дислокација на потисниот цевковод со дијаметар од 250 mm. Причината за реконструкцијата беше наметната поради тоа што во таа точка минува новиот колектор за отпадни води од с. Тркање и истиот ќе…

ДОДЕЛЕНИ СПОРТСКИТЕ СТИПЕНДИИ ОД ОПШТИНА КОЧАНИ

Кошаркарот на „Баскет Дино“ Дино Лазарев и каратистиката на КК „Партизан“ Мартина Шахинова се стипендисти на Општина Кочани за спортските резултати што ги постигнаа минатата година. Дино Лазарев, кој е активен спортист во кошарката веќе 10 години, е член на Младинската  кошаркарска репрезентација со која  во 2022 година учествуваше на Европското првенство на М16, и…

МЛАДИТЕ „ЖЕТВАРИ“ ПАДНАА ПО УДАРИТЕ ОД БЕЛАТА ТОЧКА

По мошне студено време за игра и пред околу 300 гледачи денес во Кочани на стадионот „Никола Мантов“  се одигра 1/4 финалниот натпревар од Купот на Македонија за генерација У-19 „Осогово“ – „Македонија Ѓорче Петров“. Факт е дека  во моментот „Осогово“ има генерација која е иднината на клубот и затоа надежите дека можеби ќе се…

УЧЕНИЦИ ОД ООУ „РАДЕ КРАТОВЧЕ“ ВО ПОСЕТА НА ТППЕ – КОЧАНИ И ДПД – КОЧАНИ

Убав едукативен ден за учениците од ООУ „Раде Кратовче“ – Кочани при посетата на Територијалната Противпожарна Единица – Кочани и  Доброволното Противпожарно Друштво – Кочани. При посетата учениците имаа предавање и запознавање со противпожарната опрема, противпожарните апарати, како и со противпожарните возила, нивната цел и намена. Беа запознаени за примањето на дојава за избувнат пожар…