Последни вести
ДВЕ МЕДАЛИ ЗА БОРАЧИТЕ НА „СПАРТАК“ НА МЕЃУНАРОДЕН ТУРНИР ВО БУГАРИЈА
На вториот Меѓународен турнир „Куп Неврокоп“ што денес се одржа во Гоце Делчев (Бугарија) борачите на „Спартак“ освоија две медали, од кои еден златен и еден бронзен. На турнирот годинава се појавија околу 300 борачи од Украина, Молдавија, Латвија, Грција, Белгија, Турција, Романија, Македонија (три клуба) и повеќе клубови од домаќинот Бугарија. Боречкиот клуб „Спартак“…
ОШТЕТЕН ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ВО ЦЕНТАРОТ НА КОЧАНИ
Утрово, мостот кај Шопинг-центарот во Кочани осамна со уништено осветлување. Столбот и светилката, кои се дел од системот за јавно осветлување, биле мета на вандалско однесување. Оштетениот столб откај улицата „Кеј на Револуцијата“ е пресечен и нефунционален. Општина Кочани го осудува несовесното однесување врз јавното осветлување, кое како и кај урбаната и комуналната опрема е…
ООУ „НИКОЛА КАРЕВ“ – КОЧАНИ – ИЗВЕСТУВАЊЕ
Почитувани, Со огромно задоволство сакме да ве информираме дека нашето училиште огранизираше голем настан во училишната спортска сала под мотото:,,Различноста е наша сила”. Нашите ученици од училишниот спортски клуб,,Берни Спорт” заедно со дечињата со потешкотии во развојот кои секоја Сабота учествуваат во нашиот самостоен проект,,Час по физичка активност” имаа полигони и препреки кои ги совладуваа…
ВЕЧЕРВА ОТВОРАЊЕ НА НОВ VIP VLT CLUB
Вечерва во село Грдовци во просториите на поранешен „Кмет бар“ се отвора нов Vip Vлѕ Club. Отворањето е закажано за во 17:00 часот. КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ
ОТВОРЕНА ИЗЛОЖБА – „МЕЃУНАРОДНА ЛИКОВНА КОЛОНИЈА ЃУРИШТЕ 2023“
Денес во „Фоаје 1“ при НУЦК „Бели Мугри“ во Кочани беа поставени дела од 18. издание на „Меѓународната ликовна колонија Ѓуриште 2023“ . Поставувањето на изложбата е дел од годинешната програма на НУЦК „Бели Муги“, преземање на изложби. Годинешната 18-та Меѓународна ликовна колонија „Ѓуриште 2023“ се одржа во периодот од 07 до 12 Август а…
„ОСОГОВО“ ПО БОДИВИ И НА БРЕГОТ НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО
Во Сабота се играат натпреварите од 11-тото коло во Втора Фудбалска Лига. Екипата на „Осогово“ по победата во минатото коло заминува за Струга каде бара продолжување на успешната серија. Кочанчани во изминатите пет кола со некои поместувања на играчите започнаа да играат поинаков фудбал отколку на стартот на првенството по што дојдоа до освојување на…
НЕ МОЖЕ ДЕЛ ОД КЛУПИТЕ ДА СЕ КОРИСТАТ ЗА ОДМОР
Голем дел од поставените клупи од двете страни на Кочанска река не може населението да ги користи. Особено тоа се однесува за клупите кои се поставени под дрвјата. Причината се гулабите и другите птици кои ги запоседнале крошните на дрвата така да клупите се преполни со фекалии, па минувачите кои сакаат да се одморат мора…
ОПШТИНА КОЧАНИ ОБЕЗБЕДИ УЧИЛИШТЕН ПРИБОР ЗА УЧЕНИЦИ ОД СОЦИЈАЛЕН РИЗИК
Во рамките на Програмата за поддршка на образованието за 2023 година, Општина Кочани обезбеди училиштен прибор за ученици во социјален ризик. Денес, градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов го посети ОУ „Раде Кратовче“ каде се сретна со учениците и им ги подели училишните пакети. Школски прибор ќе добијат 225 ученици од I до IX одделение…
ОБЈАВЕН КОНКУРС ЗА ОПШТИНСКИ СТИПЕНДИИ ЗА СТУДЕНТСКАТА 2023-2024 ГОДИНА
Општина Кочани го објави конкурсот за доделување 30 стипендии на студенти, жители на Кочани. По десет стипендии ќе бидат наменети за студенти кои постигнале висок успех во студирањето и за студенти од социјално загрозени семејства, пет за студенти од ромската етничка заедница и студенти кои се лица со попреченост и лица со ретки болести и…
УЧЕНИЦИТЕ ОД ООУ „КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“-ОБЛЕШЕВО ЌЕ ЈА ЗАПОЧНУВААТ НАСТАВАТА СО ПОЧИТ КОН ДРЖАВНИТЕ СИМБОЛИ
Од денес започнуваме со реализација на идејата-„ наставата во училиштето да започнува со интонирање на Државната Химна и подигање на Македонското Знаме на јарбол пред училиштето. Ние како училиште ќе поднесеме иницијатива до советот на општина Чешиново-Облешево да донесе одлука наставата во училиштата на територија на општината да започнува со интонирање на Државната Химна. „Станува…